ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Sunday, February 28, 2016

Ако...


Ако сонот има име,
и таму некаде како спомен, запишан во книгата на моето срце,
тој мал момент од потсвеста на мојот заспан здив,
знае да влее раскош во мојата душа....


Ако тишината има царство,
да заспијам можам на страниците на мојата младост,
низ спомен за прекрасниот сон,
во кој ти како копнеж ќе останеш да живееш вечно.

Како можам да сакам некој засекогаш?
Срцето се подарува, не се краде.
И тој мој дар е мал, навистина,
но живот значи.

Само ноќта има смисла под превезот на фантазијата и надежта...

Она што било време,
мора и да застане,
а времето да остане споменик на неродениот ветар,
кој заталкал во потсвеста на спокојот исткаен од воздишките на самиот сон.

Само утрото знае,
за првиот блесок на моите очи, во кои ми бега твојот лик,
од сонот кој не сакам да заврши.
Нема слика на која можам да те заборавам...

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот