ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Monday, February 22, 2016

Кон одбележувањето на 72 годишнината од “Февруарскиот поход” 1944-2016, Планинарски марш Делчево-Голак







Делчево, планина Голак, Планинарски марш за одбележување на 72 годишнината од “Февруарскиот поход” 1944-2016 година.
Релација Делчево-Голак. Патеката е долга 24 километри (во двата правци), средно тешка, со совладување на надморска висина од 900 метри од 640 mNV до 1536 mNV.
Учесници на маршот беа 12 организации и планинарски друштва:
СРК “ПОП” Делчево,
Планинари “Кадиица” Пехчево,
СПАОК ,,Антигонеа" - Неготино,
ПК “СЕРТА” Неготино,
Друштво на планинарски спортови “Лисец” Штип,
Zdruzenie Na Braniteli Bedem, Бедем Македонија, Здружение на бранители “Бедем” Куманово,
Организацијата на резервни официри на Република Македонија-ОРОРМ

ВКУПНО 65 учесници

Почетокот на планинарскиот марш беше закажан пред Спомен домот АСНОМ во Делчево. По комплетирање на групата, на учесниците на маршот од страна на организаторот им беа поделени маички со логото на манифестацијата Пијанечки денови на сливата како и друг и репрезентативен материјал од Општина Делчево/Municipality of Delcevo, по што беа прецизирани техничките детали за реализацијата на планираниот марш.
Маршот започна во 08.20 часот по планираната марш-рута. Групата помина низ населбата Стар Расадник, потоа низа манастирскиот ендек, по што пристигна кај манастирот “Св. Богородица (Источен петок) Балаклија”. Овде групата имаше кратка пауза за хомогенизирање и упатување по предвидената патека по падините на планината Голак: м.в. Скорушка-Долни Балван -Горни Балван-компириште-под антени-антени-Детско одмаралиште-Шумска зграда. 
По искачувањето на Голак во 12.00 часот следуваше пригодна свеченост за оддавање на чест на сите загинати борци од НОВ 1941-1945 година, како и учесниците на Февруарскиот поход 1944-1945 година, со која што воена операција им бил зададен решавачкиот удар на непријателските окупаторски бугарски и германски сили на територијата на цела Македонија.

Од страна на членовите на КУД „Гоце Делчев - Делчево“ пред присутните беше прочитан пригоден реферат за значењето на “Февруарскиот поход”, по што пред спомен плочата на овој значаен историски настан од македонската историја беа положени букети со свежи цвеќиња од страна на претставници на 
-Здружението на борците од Делчево
-ОРОРМ
-Здружение на бранители “Бедем”
Потоа од страна на организаторот на настанот на учесниците во планинарскиот марш им беа доделени Благодарници за учество на маршот.
За сите учесници на настанот организаторот имаше обезбедено топол чај и ладни сендвичи.
Голема Благодарност до Zoki Pop за подршката околу организацијата на целиот планинарски марш (комуникација со планинарските клубови и друштва).
Голема Благодарност до Psd Golak Delchevo и Љупчо Чучуковски кој беше водич на планинарскиот марш.
Голема Благодарност за членовите на P D "GOLACHKA SRNA" - DELCHEVO за нивната бројност на маршот и нивните совети и анегдоти.
Огромна Благодарност за членовите на П.А.Е.К. МАРАТОН, СПАОК,,Антигонеа" - Неготино, Пд „Бел Камен“ Радовиш, Планинари “Кадиица” Пехчево, Друштво на планинарски спортови “Лисец” Штип, ПК “СЕРТА” Неготино, Организацијата на резервни официри на Република Македонија-ОРОРМ, Zdruzenie Na Braniteli Bedem, Бедем Македонија, Здружение на бранители “Бедем” Куманово за учеството на овој настан, како и на укажаната чест токму Делчево да биде Ваш домаќин овој прекрасен зимски ден на нашата планинска убавица-ГОЛАК.


Најголема Благодарност до Градоначалникот на Општина Делчево Дарко Шехтански по чија што иницијатива и покровителство се реализира овој величествен настан.
До некое следно видување: СРЕЌНО ПРИЈАТЕЛИ, светот е мало и навистина прекрасно место со вакви луѓе како вас.

Искрено Ви Благодарам.

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот