ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Monday, December 23, 2013

Те спознав од поодамна

Под блесокот на твојата љубопитност,
веројатно се прашуваш од каде знам,
за скриените погледи кон небото,
со кои непримерно буричкаше
низ облаците на личната недвосмисленост
и импулсивна реакција.

Sunday, December 22, 2013

Рајот е на земјата


Прегратки, во топол дом,
зад сеништата на туѓата завист,
мисли сплотени во дух...
Духот на еден единствен сон...

Tuesday, December 17, 2013

The days of the future past...

It's a good makeup,
when you brake up,
something new, but irresistible,
for the unknown,
that came to be,
for the future past,
meant, but not wanted...

Tuesday, December 10, 2013

За духовите и оние што не ги гледаат

Брат, изгледаш како да си видел дух... блед како крпа...
Брат, во ред е јас што го видов духот...Проблематично е што другите не го видоа...

Sunday, December 8, 2013

Честитка по повод празникот "Св. Климент Охридски"

Честитки за сите православни христијани во Македонија и секаде во светот. Денес е денот кога се празнува името на европскиот учител, светиот Климент Охридски од времето кога Европа се гушеше во сопствениот мрак на агностицизам и диктат на унифицираноста, како и евидентен монопол на знаењето. Во такви услови Светиот отец Климент заедно со Наум им дари знаење на над 3000 ученици кои станаа учители во нивно име и во името на Господ Бог.
За многу години нека е денешниот ден и вечна слава на оние кои даруваат знаење.

На сл. Линк може да се прочита повеќе за Светиот отец и архиепископ на охридската архиепископија.

Лична посвета

Во името на сите поединци на мојата генерација и генерациите кои себеси се идентификуваат како артистички во име на глобален напредок зачнат на локално ниво, во срцето и душата на секој субјект, поединечно...
Се знаат кои се и си знаат зошто....

Македонија-колевка на современата реалност како причина за планетарно обединување


Пролог:

Нема крај, секој почеток. 
Она што некому е почеток, всушност е бледа слика на завршеток на нечиј субјективен крај...
Времето безусловно си поиграло со индивидуализмот на ограничености на секој од нас.
Само објективната стварност како доминат, заслужува квалификација на ограниченост.
Сето останато е сигурен имплозивен дел од нештото. Суб-атомска структура на деталност, која е ирелевантна на глобално ниво, а толку значајна во механизмот на реалитетот наречен простор-време.

Главен Дел-Вовед:

Tuesday, December 3, 2013

Мноштво, меѓусебност и единственост

Раката што дава, е рака што прима...
Дава внимание, со почит на сопствениот морал,
дава енергија која заслужува, по закон на нештата да биде преточена во материја и обратно.
Идеално равенство за универзалноста на природата во целата нејзина суштина.
Вниманието манифестирано преку ставот на испружена дланка,
е став завземен кон иднината, непредвидливото.
Колку и да имаме очекувања од таа иднина, желби и намери,
поради целокупноста на енергијата и материјата низ бескрајната повзаност и контемплирачка предодреденост за меѓусебно влијание на синтетичкото постоење во рамки на универзалната целина, станува невозможно согледувањето на реалноста која допрва треба да се роди.
Впрочем животот, колку тоа мало и да звучи, затоа е интересен, несекојдневен со секој нов ден...

Sunday, December 1, 2013

АД МОРТЕМ (За здивот на Мизар)

Патем,
молчешкум,
одобрувам...
Само уште еден здив,
за уште еден нов момент,

Апсурдноста за сваќањето на времето

Само човечкиот ум,
може да биде творец на апсурдноста наречена време.

Long live my people...

Cool winter night...
The sound of the majestic universe, of the wondering heights of human pulverisation across the land of mist and lowered clouds.

За Гоце Делчев

Божествено, прекалено, непобитно, исконско... 
За нашиот народ и неговите херои!
Гоце, светла ѕвезда под историското небо на нашето постоење...
За Делчев, нашиот патрон, чие име носи секој од нас од раѓање....
Е вакви песни треба да се учат, пејат и пренесуваат од генерација на генерација...
Неповторливо-прекрасно....
Blogger Widgets

Автори на блогот