ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Monday, December 23, 2013

Те спознав од поодамна

Под блесокот на твојата љубопитност,
веројатно се прашуваш од каде знам,
за скриените погледи кон небото,
со кои непримерно буричкаше
низ облаците на личната недвосмисленост
и импулсивна реакција.

Секогаш погледот не требаше да го пресретнам
за да видам дека мислите имаат причина.
Само штур ветрец за паметење,
низ коса поубава од мојата,
се откина од просторот на работ од спознанието.

Не верувам во моќта на телефонските импулси,
за подкусурување на она што реално може да биде здив,
и реална силуета под заслепувачкото светло на еден обичен ден.

Тогаш кога ти ме сретна без јас да знам,
па и некогаш друг пат во обратниот моментум,
на подреденост на улогите.

Се чини времето не ти пркоси...
За твојот стас,
предвреме роден на инает за годините.
Само лична перфекција со чувство за значење...
На второто место било каде, но најповеќе локално,
како успех за тројца...Ти и уште некој.

Нема пат по кој не би газела,
а со сигурност да не предизвикаш внимание.

Сепак тоа што те спознав од поодамна,
не значи дека тајната е откриена.

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот