ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Tuesday, December 3, 2013

Мноштво, меѓусебност и единственост

Раката што дава, е рака што прима...
Дава внимание, со почит на сопствениот морал,
дава енергија која заслужува, по закон на нештата да биде преточена во материја и обратно.
Идеално равенство за универзалноста на природата во целата нејзина суштина.
Вниманието манифестирано преку ставот на испружена дланка,
е став завземен кон иднината, непредвидливото.
Колку и да имаме очекувања од таа иднина, желби и намери,
поради целокупноста на енергијата и материјата низ бескрајната повзаност и контемплирачка предодреденост за меѓусебно влијание на синтетичкото постоење во рамки на универзалната целина, станува невозможно согледувањето на реалноста која допрва треба да се роди.
Впрочем животот, колку тоа мало и да звучи, затоа е интересен, несекојдневен со секој нов ден...
Замислата на желбата е едно, живеењето на истата е друго, а сеќавањето по неа е трето....
И така до бескрај и назад, со сите желби и она што било...
Животот станува збунувачки на моменти, пред вратата на непознатото.
Кој пат да се фати, секогаш тој е вистинскиот...Затоа што нема друг...Постои само логиката на веројатноста и скрбули на можности.
Не секогаш правиме правилен избор, но моторната осцилаторна присила секогаш има своја амплитуда, како и точка на интерференција, за на крај да се доближи кон својата индиферентна линија, која претпоставувам означува судбина на топење.
Топење на еден животен немир, неспокојство кое никако да згасне...

Подадената рака е знак на постоење! Симбол на тежиштето на нечиј универзум. Материјална точка која влева енергија за постигање на врв во немирот наречен живот.

Познавањето на единственоста на битието во целост, како суштина на реалноста низ која времето има смисла, може да отелотвори вечен мир и божествен спокој, за душата на патникот наречен човек во сите форми на негова егзистенција...И материјална и духовна...

П.Ц. Тоа имав да кажам по однос на тоа...

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот