ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Sunday, December 8, 2013

Македонија-колевка на современата реалност како причина за планетарно обединување


Пролог:

Нема крај, секој почеток. 
Она што некому е почеток, всушност е бледа слика на завршеток на нечиј субјективен крај...
Времето безусловно си поиграло со индивидуализмот на ограничености на секој од нас.
Само објективната стварност како доминат, заслужува квалификација на ограниченост.
Сето останато е сигурен имплозивен дел од нештото. Суб-атомска структура на деталност, која е ирелевантна на глобално ниво, а толку значајна во механизмот на реалитетот наречен простор-време.

Главен Дел-Вовед:
Она што во 1993-94 звучеше како наивен поп-рок, во моменти на откривање на покомплицираните hard rock варијанти на светската музика, утрово ми зазвуче како тешка филозофија за малку подзаборавени реченици на опстојување, во залетот на секојдневната трка низ временскиот теснец на модерното живеење.
Прекрасна лектира за препрочитување, од аспект на позитивно навраќање на корените на современата (денешна) поп-рок музика ослободена од примесите на Пајнеровиот и Пинк-овиот дебакл на музика проследена со кисела гримасна мимика и неартикулиран крик на понижување на интелектот на луѓето, кој истиот го поседуваат.
Се ми се чини дека mainstream трендовите во денешната поп култура во Македонија, се далеку од позитивните трендови на 90-тите години на минатиот век, кога се имаше изградено компактна и квалитетна музичка (и воопшто поп) култура, која значеше напредок, артизам на авангарда и недвосмисленост на креативен порив, роден од страна на голем број на музички феномени-индивидуалци и бендови, кои и ден денес никако да престанат да сјаат.
Денес во услови на тешка индустријализација на т.н. поп култура и mainstream движења кај младите генерации, тешко е препознатлив било каков значаен белег-ознака на времето кое го живееме, во услови на широк фронтален напад и мешавина на повеќе музички индустрии на Балканите. Намерно велам "Балканите" затоа што според мене, постојат минимум два животни простори кои можат да се дефинираат со тој термин:
  • оној на поп култура која меле се пред себе во трка за профит, и 
  • оној кој грчевито и идиотски тврдоглаво останува доследен на вистинскиот артистички звук кој се уште може да го промени светот на подобро. 
Главен дел: Скалила за угоре

Поп-рок музиката не е само сретство за забава. Таа претставува начин на живеење, своевидна манифестација на позитивни промени во целокупниот систем на еден државен апарат, кој редовно и како по правило секогаш ги надминува границите на поедини држави и општествени уредби на односи помеѓу националистичките трендови кои во нормални услови на дефинираност на граѓански концепт според учебнички правила, претставуваат ретрограден елемент на човечкиот развој воопшто.
Од друга страна во недостиг на вистински критицизам и интелектуална елита која реално и објективно егзистира на професионални односи, занимавајки се со она што ги дефинира како критичен новинарски обрач определен од високо ниво на стручност, неподвоеност и доследност на профи-ангажманот, ситуацијата стои во место, и на моменти дури и назадува... Овој тренд (со секоја чест на ретки исклучоци-фразава ми е особено демоде, за што најдиректно се извинувам) во услови на краткорочен план периодично се повторува веќе над 10-тина години наназад. Особено во таа насока се погодени периферните делови на нашата држава, а ова правило дефинитивно важи и за сите други држави на Балканите, каде младите генерации веќе систематски се изолирани од еден вистински прониклив и продуховен вкус на авангарда која неминовно треба да води кон напредок. Суштината на демографскиот пораз и белата смрт на тие периферни делови од националните структурирани општества, сакам да го поврзам токму со оваа рутинирана и неаргументирана појава на кич вредности кои непоправливо ја сегментираат младешката самосвест и загубена карактерност и индивидуалност на полето на идниот напредок, развој и постигање на повисоки хумани вредности во цивилизаторски контекст.

Декларативна суштина или Епилептичен испад на воведниот дел:

Оттука и моево Делчево-име што значи синоним пред се културна револуција, на темелите на благородничка доминација на семејството како субломат за заедништво и раскош на нескротливиот дух на вечната трка за престиж помеѓу народите, мора да завземе поригорозни ставови во однос на негацијата најпрво  на сопствените артистички капацитети и потенцијали, кои споредени со глобалните трендови (кои морам да спомнам дека се ставени на маргините на општествено значење) по ништо не се разликуваат во износот на креативниот вредоносен интензитет на објективна поп адмисија кон квалитетна иднина, вредна за предизвикот на егзистенцијалниот раст, од морален, етички, духовен, па и економски аспект во крајна линија.
Демо-христијанскиот псевдоним за идентитетот на нашиот народ треба и мора да доживее повеќестепена трансформација на полето на хуманистичкиот артизам кој во голема мера е втемелен на цврсти основи во изминатите 5 години, олицетворен преку интензивната градежна експанзија, за се она што бил пропуштено да се изгради низ вековите на нашето тло. Постмодерната во капиталот на резиденцијално-административниот центар на Македонија, беше широк компромис за еден граѓански концепт втемелен на социјалистички вредности, кои сукцесивно се распаднаа, затоа што беа исфорсирани од надворешни центри на моќ и политичко одлучување, кои не соодветствуваа со реалните потреби но и побуди на нашиот народ. Стоицизмот прерасна во отпор, братството и единството во омраза. Крахот на нереалниот (идеалистички) социјализам беше генериран од моќниот државен бирократски апарат, а реален исход на целиот процес беше авангарда на млади сили кои иако мотивирани од елементарното чувство на демографско-субјективен идентитет, проткаено со демохристијански високи вредности на морал и понизност кон сопствениот дух на постоење на индивидуална и општествена база, сепак направи скочна штица чиј што производ беше токму темелот на македонската нација кој недостигаше во сите минати епохи на македонско суштествување.
Со рез како од хируршки челик, од центарот на Скопје експандираше сега еден артикулиран крик за непобитна реалност, на се она што било, на се она што е запишано на оваа почва наречена Македонија, низ ликот и делата на плејада народ кој живеел и работел тука. Нивниот дух кој бил отсекогаш присутен, сега доби само еден свој материјален лик, во форма на бронза, мермер, челик...
Повеќе народот нема никогаш да оди по работ на сопствениот егзистенцијализам. Секако овде мораат да бидат задоволени и многи други сегментарни премисии, кои со соодветна акција, контрареакција и манифестација ке го добијат својот тек во рамки на идниот развој на анстаните.

Заклучок:

Оттука авангардата мора да продолжи... 
Потребни ни се хероите на нашето време, индивидуалци кои мора својот креативен набој оплеменет со високи стручни знаења, да смогнат сили да го канализираат низ системот на управување прво на самите себеси, а потоа на општествено ниво, од интерес на заедницата. Постојаната реевалуација е дотолку посакувана, само ако како мотив не претставува опасност за заглавување на критицистичката самосвест, во погрешни општествени струи на поделеност на поедините улоги и нивна меѓусебна испомешаност. 
Новинарот, во некои нормални услови не би смеел да помисли за политичка кариера. Иако набојот за оставање сопствен белег за оштествените промени го диктира сосема спротивното, сметам дека токму со одрекување од политичката моќ новинарот може да го предизвика тој позитивен импулс за позитивен тренд на политиката во корелација за изградба на вистинско граѓанско општество. Не може собраниската говорница на парламентот на РМ да биде место за држење новинарски говори, во вид на колумни, кои не ретко знаат да бидат сатирични. Иако сатарата ми е еден од најактуелните литературни жанрови, сепак собраниската говорница е параван зад кој треба да се бранат политички ставови. Оној на Социјализмот (колку тој и да ни е демоде), плуралниот нео-либерализам, демохристијанскиот социјализам, хуманистичкиот капитализам, плебисцитарниот конзервативизам, технократскиот модернизам, граѓанскиот позитивизам....

PostScriptum ad absurdum:

За крај ке завршам од каде што почнав...Од дома...Од Делчево....
Секој поединец, секоја единка е особено значајна за сите овие погоре корелации на општествена манифестација.
Она што само еден човек може со сопствената умствена креација да го создаде (позитивно или негативно според некоја вредносна класификација на изминатото време во историјата), останува да ечи низ вековите на симбиотскиот идентитет означен како време-простор.
Зошто да дозволиме секој од нас, да бидеме неартикулирана маглина во целиот овој контингент на светска аморфна маса кој постепено ја губи својата кредибилност и карактерност. 
Секој од нас посебно може да го промени светот.

Сите ние заедно можеме да ги промениме Балканите...Да создадеме цврст и индиферентен Балкан кој неминовно ке ја добие заслужената улога во светската плејада на региони... Дури тогаш можеме да говориме за континентална физиономија на заедништво. Само на рамноправни основи и високо респектирани вредносни норми на различност и поединост.

Дури тогаш Балканот ке стане она што му доликува...
А Македонија во полн сјај ке биде Папокот на светот...
Лулка и колевка на современата реалност како причина за планетарно обединување..

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот