ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Sunday, December 22, 2013

Рајот е на земјата


Прегратки, во топол дом,
зад сеништата на туѓата завист,
мисли сплотени во дух...
Духот на еден единствен сон...

Мила, затскриена песна,
на нежен допир со поглед, 
а звук на тишина,
само со пулсот на срцата, 
кои себеси се пресретнале на пол-пат,
му пркоси на ѕвездениот универзум,
во центарот на тој поглед.


Равновесие на душата...
Кога тргнал ветрот по светот,
низ црвенилото на даровитото изгрејсонце,
заборавил да запре пред погледот на сонцето.
Онаму каде се среќаваат погледите...
Направил раздор, 
за да владее во сопствениот хаос.
Но и во хаосот има ред.

Колку ли само пропуштаме, 
во сопствената немоќ за глорификација на меѓусебната поврзаност.
Сите сме едно...А едното е свето-световно...

Гледајки како се раѓа различноста, 
часкум исчезнува светот на универзалноста,
дел од човечкото, во човечкиот род...
Зошто на почетокот бил Еден, од кој започнала двојазноста.
Се друго е прашање на можности.
Под Будното око на Сесоздателот, кој во налет на креативност се надминал себеси, за да создаде моментно несовршенство, кое на крај ке израсне во перфекција.
Судбината не е прашање на вкус и избор...
Само слепи во сопствената себична широчина, паѓаат ничкум пред овој факт на пророчно идолопоклонство..
И се тоа под границите на универзалниот закон на создадениот хаос.
Шетајки се за рака две души, 
пред прагот на меѓусебната поврзаност,
се сомневаат во сопственото единство. 
Велат љубовта на душите е храм на вечноста...
Црква божествена за постигање на бесмртност,
пред олтарот на универзалната мудрост, 
низ очите на субјективната верба.
Она што Господ го споил, само смртта може да го раздели...
Дури ни тогаш...
За во еден цел живот им помине сомнежот, 
кон тоа непремостливо предодредено заедништво, 
допирајки ја вечната слава на светлината во универзумот.
Низ микрокосмосот на меѓусебната почит, толеранција, разбирање...
Трепет на невидливата магија 
која неочекувано паѓа
 за на крај да се крене до портите на рајот...


Зошто рајот е на земјата...
Две срца сплотени во сопствената немоќ...
Да одолеат на бруталниот напад на општиот хаос,
исполнет со предрасуди и неразбирање.
Во предворјето на тоталниот хаос...
Онаму каде што рајот е на земјата...

И подалеку од се што ке помине, 
само вербата ке остане.
Во зборот даден, 
една далечна зимска ноќ...

На работ од она што денес го знаеме како
претстолнина на негаторскиот подвиг,
за современо создавање на историја низ вековите...
На еден народ, 
кој тврдоглаво расне 
врз плеќите на секое ново современие.

Замислувајќи си желба, посакувавме премногу, се чини...

Две раце кои никогаш не се вплотија, 
пред лицето на хаосот, 
во кој само ѕвездите беа сведоци, 
на она што беше.
Молк и тишина, а толкава галама...
На истите тие сеништа,
на туѓата завист...
Од која се изроди омраза, 
во срцето на рајот, 
распослан насекаде...


No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот