ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Wednesday, December 17, 2014

Сонувај со срцето

За мојот народ:
Подарувам доверба во изобилство,
нудам верба во секого.
Сите ние сме луѓе,
иако понекогаш го забораваме тој факт.

Tuesday, December 16, 2014

За посетата на културните збиднувања



Одењето во кино, театар, опера, балет, концерти и други културни настани, би требало да биде во функција на правење на аналогија на театарот, музиката и уметноста воопшто со животните манифестации што ги пректикувате во вашиот секојдневен приватен живот. Културата како емисија на општествена појава би требало да биде индикаторен одраз на расположението и духот кои ги носите во срцето и во душата.

Рецензија кон албумот на Chromatic point-"Слики од старата куќа" 1

chromatic 2
Сомневајќи се во моќта на една рецензија по однос на било какво создадено артистичко дело, во последно време, како еден застарен модел на споделување на импресии, стигнав до предизвикот наречен Chromatic point устоличен во епруветата именувана како "Слики од старата куќа".

Tuesday, December 9, 2014

Monday, November 17, 2014

Поширок концепт за свесност на сопствените постапки


Секаква гетоизација на поедини структури на население на одреден географски простор деклариран како држава, регион, општина или маало, сеедно, допринесува кон индивидуално затварање на таа гето структура во ограничен круг, кој доколку подолго време остане како таков, подложен е на губење на контакт со реалноста и објективноста која е обременета од еден поширок контекст од оној на кој е сведена таа општествена гето структура на поединци.

Monday, November 10, 2014

Неколку важни аспекти за суштинското значење за поимање на нештата


  • Изградбата на секој поединец во цврст карактер, личност која знае што сака и е свесна за актуелната состојба во широк општествен контекст,
  • Живот во спрега со испитани начини на знаење, за справување со секој потенцијален проблем со кој сме судредни како поединци но и како географски ентитет на одреден географски простор...

Sunday, November 9, 2014

Awareness


I want to remember what the future will bring.

Don't let the ice to form your shape


The moment of time... Remember who you are.

About the emptiness


The stillness of emptiness, doesn't mean nothingness.

Three drops of silence


One drop of silence, call it greatness... 
Two drops of silence, call it love. 
Three drops... Call it new life...

Selfless vision


Going somewhere? 
And you took your silence with you?!

Saturday, November 8, 2014

Нем сведок на минатото


Тишината во очите на таинствениот човек од темнината на твоите сништа ќе ти каже колку на светот му недостига она што засекогаш сакаше да остане тајна.

Sunday, November 2, 2014

Saturday, November 1, 2014

Ракоплескајте! Доаѓа крајот...


Ракоплескајте за моментот, 
денешниот ден завршува,
а самиот крај започна рано сабајлево, 
пред изгрејсонце.

Радувајте се! 
Утре ќе започне уште еден прекрасен крај.
За денот кој започнува со самиот крај.
Вдиши длабоко и намигни му на крајот,
затоа што од таму започнува се ново што се раѓа.

Наречете ме судбина,
и просторот и времето,
постојат за моја манифестација,
онаму каде што ме нема.

Во пазувите на субјективната потсвест на тебе...
Ти што го читаш ова мало парче електронски импулс, 
во дамарите на твојата потсвест.


© К.А. 21.10.2014, во Делчево

Целодневен напад на сетилата во подножјето на "делчевчанка" денес


Иако насловот на оваа статија звучи сензационалистички (како и впрочем голем дел од насловите по денешните портали), сепак истиот ја отсликува вистинската слика за атмосферата  денес која го опкружува кафе барот "Валиум" во Делчево.

Thursday, October 23, 2014

На Димитар Узунски-носител на државна награда "23-ти Октомври" на Република Македонија

 

Веќе неколку пати се обидувам да го започнам овој текст, безуспешно, плашејќи се да не погрешам збор, реченица....
Во изминатите години имам напишано безброј говори, што политички, што за мојот град, што за медиуми, што за мене самиот.
Се чини овој текст ми е најтежок.
Не станува збор за направени или ненаправени нешта, не станува збор за градот, општината, за државата, за народот...
Станува збор за едно обично човечко срце.

Saturday, October 18, 2014

Праведни и неправедни војни 1


Не постојат праведни и неправедни војни!
Постои само целосно уништување, убивање-одземање на скапоцени човечки животи, несреќа, тага, уништување на човечкото помеѓу луѓето...
Тоа е недопустлива варијанта на живот во време на постоење на милениумски развој на планетарната цивилизација.

Sunday, September 28, 2014

За независноста од општ аспект


Независноста на една држава лежи пред се во независноста на поединецот. Само независен поединец може да размислува за независно семејство, за независна локална припадност, регион, држава, нација....

Saturday, September 27, 2014

За индивидуализмот...


VS


Индивидуализмот не е маана!
Маана е неспособноста истиот да се стави во функција на заедницата.

Wednesday, September 24, 2014

Амнезија за иднината


Помош!
Мислите почнаа да ми евулуираат, уште пред да ги помислам.
Потребна ми е амнезија!
Иднината почна да ме оптеретува...

Sunday, September 14, 2014

Remorse

Time has no remorse for the things we pass by...
Sadness is a part of life that reveals the meaning of joy...
Late but strong for eternity...

ЈасПредОгледало‬

Дечко, си личиш на мене!
‪#‎ЈасПредОгледало‬

За лицемерието

Дуализмот и лицемерието немаат смисла кога се гледате во огледало.

Илегала на комерцијалните вредности


Freak-show за напатени душички....
Ослободување на најдлабоките страсти и поставување на пиадестал на секојдневна вообичаеност...
Откривање на нови простори, за кои претходно имате фантазирано?
Епа погодете што? Новиот простор е насекаде....
Она што некому му се чини фантазија, за други е апсолвиран факт вметнат во искуството на изминатиот труд...

Несебично

Шо убав народ сме си... Особено македонките...
‪#‎Selfless‬

Sunday, September 7, 2014

Да се остане среќен кога и другите се среќни

Познавајки го најозлогласениот непријател на животот во овие краишта, им завидувам на пријателите на индиферентниот однос кон она што секој може да го направи за себеси.
Вистинската моќ на постењето лежи во способноста да останеш среќен тогаш кога сите други се среќни на свој автентичен начин.

Одмор во животот


Одморот во животот е состојба на умот кога човек е подготвен за создавање на нови вредности, за себе и за другите!

Фељтон анализа 2014 2:"Самоубиство на осаменоста" театарска паралела за погледот од висина и реалноста после падот


Критичка паралела за опстојување на ограничено македонско секојдневие во границите на ова парче небо наречено "Делчево" со сиот свој сјај и темнина, со театарската претстава "Самоубиство на осаманоста" прикажана во кино салата во Делчево.
Еден по малку носталгичен куриозитет: Поради реконструкција на постојниот објект на кино салата во Делчево која се очекува да започне наскоро, ова беше последен културен настан кој можеше да се види на оваа сцена на која својот бележит здив и допир го оставиле голем број на културни и општествени дејци во минатото како од домашната популација, така и од странство.

Фељтон анализа 2014: 1. Делчево во нагорна линија во развојот на културата

Вовед
Делчево како општина со мала населеност на население во однос на својата површина, се вбрoјава во една од релативно понеразвиените општини во Република Македонија.
Оваа оценка за степенот на развој на Делчево е дадена воопштено по однос на повеќе критериуми меѓу кои предничат инфраструктурата , економијата, образованието и туризмот.

Wednesday, August 27, 2014

Честитка за празник Успение на Пресвета Богородица


Страданијата на една мајка која го гледа своето чедо како својот животен здив го губи на светиот крст под наездата на омраза и негирање од околните присутни, се најголеми, споредено со се друго во животот.

Sunday, August 24, 2014

Карикатури на стварноста


Се е во ред со карикатурите се додека стојат во рамките, на ѕидовите....

Friday, August 22, 2014

Најголемата, највозвишената и најзначајна работа на која имам работено досега


Се што ќе кажам во овој текст можеби ќе звучи премногу пристрасно, под огромни импресии и афектуирано....
Иако несвојствено ќе си дозволам и да бидам субјективен.

Tuesday, August 19, 2014

Перспектива како ново откритие


Никогаш не кажувајте дека нема перспектива....
Се негирате самите себеси!
Перспектива е се она што можете вие сами да го направите...
Создадете свое море, нацртајте брод, поставете своја сопствена рамка...
Живејте во сопствената слика најдобро што можете....
Таа слика е она што ке остане после вас...
Морето, бродот, патниците, насмевките, тагата, радоста.... Љубовта....!

Tuesday, August 12, 2014

За бунтовноста...


Да се биде бунтовник е едно ниво на совест,
да се биде бунтовник без причина е второ,
а да се биде бунтовник со причина е сосема нешто друго....

Кое е Вашето ниво на развиеност?
Вашето ниво на бунтовност?

Thursday, August 7, 2014

За промените....


Сонувајки подобар живот, посакуваш други-туѓи нешта, на места кои не ги познаваш доволно, во околности за кои единствено мислиш дека ги сваќаш.

Мотив да се застане за момент


Кога човек веќе ги има прочитано сите книги уште пред да излезат од печат, значи дека е време да застане за момент, да ја дочека сегашноста да стигне, која некако касни зад забревтаноста на спознанието над иднината.

Monday, August 4, 2014

Звучи толку револуционерно

И валцот продолжува и понатаму

Бомбастична најава, уште по бомбастична појава, громогласен аплауз и...

...И музика вредна за  внимание и љубов....

Wednesday, July 23, 2014

Решителност

Одлична идеја за сите оние кои допрва ке одат на одмор да бидат видени, а не се импресионирани од идејата за ефикасно одржување на умерена телесна тежина.

Поглед зад аголот на наредниот ден


Проширувајќи го својот поглед кон секоја веројатност, длабоко верувајќи во убавината на животот, останете отворени кон секоја можност, притоа не жалејки за изненадувањата чија што појава е далеку од потребна, но неизбежна.

Sunday, July 20, 2014

Само времето знае да простува

Нема момент а да не помислиш на своите грешки...
На грешките на другите, околу самиот тебе....
Нема момент а да не помислиш на сите грешки кои го создале светот!
Овие грешки значат несовршенство, значат човечност.
Тоа се двигателите на патот од кој враќање нема.
Луѓе создадени од грешки.

Saturday, July 19, 2014

За работите за кои не ве интересира како функционираат


The "EARTH" without "ART" is just "EH"


Слобода или ропство?

Начин на перцепција или неограниченост на "уметничкиот" ум на поединци?
Многу малку недостига прекрасната слика, да прерасне во неограничен хорор...
Изборот не треба да биде во прашање!
Алтернативите се избројани...
Насмеј се денеска-остави ехо за иднината!


Што може да очекуваш од животот?

Thursday, July 17, 2014

Човекот чиј што поглед потсетува на македонштина



На денешен ден пред цели 28 години почина македонскиот актер Ристо Шишков.
Вечна му слава....

Wednesday, July 16, 2014

Убавина VS Лицемерие

Не можеш да бидеш толку убава, колку што јас можам да бидам лицемер 

Самобендисаност

Самобендисаноста е опасна работа.
Особено ако си најубавиот човек на светот.

Зошто нема да идам на "Пифо фест"?

  • Затоа што омилен бенд ми се U2 а не Жељко, Емина или Маид“’%????.

Tuesday, July 15, 2014

Си заљубив "Оперативен систем"


Морална, социолошка, генерациска, културолошка, психолошка или идиотска дилема:

Прашање на избор...

Патот кон "ЕУ хоризонтот" или прегратка на клупа у парк?

Bye yourself an "apple"


Keep in touch with high-tech possibilities.

Последното selfie у живот бр.1


"Јао шта смо лепи"
Се извинувам за србизмите, ама не можев да одолеам...

Зошто ја викаат "Rock"(карпа) кога ти иде да мрдаш?


Некои мрдаат со задници, некој со предници, некој со спојлери, некој со образи, некој со веѓи, некој со душата...
Само намќори не мрдаат уопште.

Зависноста у последно време


Стануваш зависен од апдејт центарот на твојта мобилка и веднаш знаеш дека ти треба нов телефон.

Saturday, May 31, 2014

LIKE за талентирани


Се разликувате од останатите?

Женско паркирање

 
Се замолуваат сите жени да паркираат како секој нормален човек.

Градот на надежта, животот во вистинска смисла


Пролог:
-"Добро утро"- од прваче кое оди рано наутро на училиште по твојата улица на која си пораснал... И ти си кажувал "Добро утро" на повозрасните...
Некои работи остануваат да траат.
Животот знае да опстои, човечноста има иднина...

Friday, May 30, 2014

Убивајќи го човекот во себеси


Има нешто што потсеќа на сон...
Само река на мисли кои постојат и сведочат...
За нештата поминати, за она што било...
За се она што можеше да биде....

Friday, May 23, 2014

Возвишено...Револуција? ДА! Револуција на духот...

Кој не бил не знае...
Кој не слушнал пропуштил многу...
Овде и сега се создава иднината!
Да започнеме....
Вечерта што следува е особено магична...
Како и многу пред неа, како и многу после неа...


Најава за настанот тука.

Sunday, May 11, 2014

Рецесија на верата/вербата:1-рв дел "За потопот на Европа"


"Кога верувате во ограничени количини, а кога се сомневате неограничено."

Поттикнат од низа на актуелности што се достапни во јавноста во последно време, не можев а да не си создадам свој сопствен шаблон за унифицирање и диференцијација на овие појави што се манифестираат низ медиумите на различни начини.
Ке се осврнам само на три актуелни ситуации кои го обременуваат нашето секојдневие:

Saturday, May 3, 2014

Преправајќи се Марија Калас

Логично и соодветно.
Како што заслужува светот.


Thursday, May 1, 2014

За секое доброутро

Good morning sunshine...
Така го викам секое ново утро во денот кој следува потоа..
Blogger Widgets

Автори на блогот