ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Sunday, May 11, 2014

Рецесија на верата/вербата:1-рв дел "За потопот на Европа"


"Кога верувате во ограничени количини, а кога се сомневате неограничено."

Поттикнат од низа на актуелности што се достапни во јавноста во последно време, не можев а да не си создадам свој сопствен шаблон за унифицирање и диференцијација на овие појави што се манифестираат низ медиумите на различни начини.
Ке се осврнам само на три актуелни ситуации кои го обременуваат нашето секојдневие:
     1.Победата на Кончита Вурст на Евровизија:
     2.Развојот на настаните во Украина
     3.Поразот на СДСМ и победата на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните и претседателските избори 2014 во Република Македонија.

Едно по едно:

1. Победата на Кончита Вурст на Евровизискиот спектакл од најгласните негативни "трубачи" по интернет и по социјалните мрежи на некој начин беше доживеано како "предвечерие на големиот потоп" по кој ќе треба светот да се препороди во нешто, што  според нивна мерка ке претставува универзална вредност на човечкото постоење.


Доколку сакаме да бидеме прагматични и сеопфтни, вадењето од контекст на поентата на постоење на поедини ситуации креирани од човечката влијателност и перцепција, воопшто не е во прилог на разумот со кој целото човештво сака и може да се декларира. Имено помеѓу сите тие дежурни критизери по интернет многу тивки беа оние кои проговорија за суштината на публицитетот како основна кредибилна состојка во гламурот наречен "Евровизија". 
Многу од истите овие луѓе заборавија на продукцијата на песната, текстот, вокалот, визуелизацијата, сценографијата и целокупниот пакет во кој што беше спакуван овогодинешниот победник на Евровизија. Поврзаноста на контекстот на песната со она што се нарекува транссексуалност уште толку и даде моќ на оваа песна за која несомнено гласаа најголем број на европејци. Спомнувањето на трансформација и потребата од сопствена определба во изразувањето на волјата на човечкиот род е она што победи, а не "жената со брада".

Дополнително паралелата на настапот со идеалот за постоењето на ангелите (огнените крилја, оганот, огнените капки и небесната светлина) и нивната биполна (метро-сексуална) ориентација во сите "учебници" по религија и даде уште една силна страна на оваа песна т.е. производ кој предничеше над сите останати кои беа понудени на овој "звучен карневал".

И најголемите евровизиски скептици мораат да се согласат дека фотките во прилог на текстов делуваат импресивно и победнички.
Или пак?

Се додека живееме во зачауреност дека самите ние сме неприкосновено и секогаш во право, воопшто нема да доживееме прогрес кој е автентичен за едно човечко битие. Ова не го говорам како Македонец, туку воопшто како човек.


Дајте да се ослободиме од стереотипите и да погледнеме кои се средствата кои носат успех.

  "Ако се натпреваруваме мораме да бидеме спремни да победиме." 

Друго е ако намерите ни се ревијалност, тривијалност и подготвеност за бледо постоење во одредени рамки на контекстуалност.
Не треба да се потцени моќта на привлекување на внимание од страна на  неконвенционални појави и градење на ефективен ПР момент за огромна маса на луѓе каква што е Европа.
Тоа не значи дека Европа е "готова за потоп", туку дека расположението и подготвеноста да вртат телефонски броеви и гласаат кај оние кои останале "вчудоневидени" од она што го гледаат се драстично поголеми, наспроти оние кои истотака останале вчудоневидени, НО, не биле подготвени да гласаат за нивните фаворити. 

Тоа е разликата помеѓу оние кои имаат вера/верба и се спремни да ја одбранат наспроти оние кои стоицистички гледаат "како светот околу нив поминува/заминува".

И да! За крај на овој прв дел од оваа своевидна трилогија на сопствениот став ќе го споделам настапот кој делува навистина в.ч.у.д.о.н.е.в.и.д.у.в.а.ч.к.и..

2-ор дел наскоро...
т.е. ту би контињуд

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот