ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Saturday, May 31, 2014

Градот на надежта, животот во вистинска смисла


Пролог:
-"Добро утро"- од прваче кое оди рано наутро на училиште по твојата улица на која си пораснал... И ти си кажувал "Добро утро" на повозрасните...
Некои работи остануваат да траат.
Животот знае да опстои, човечноста има иднина...

Сеќавајки се на деновите кога првпат тргнав на училиште (далечната 1988 година) од денешна временска дистанца, можам да кажам дека многу нешта се имаат променето.
Се урна цела една држава, цел еден систем на општествен поредок. Се случија незамисливи историски факти: Војни, жртви, омраза, насилство, сиромаштија, транзиција, уништени човечки судбини.
После цели 26 години од првиот ден во забавиште, можам да кажам дека во општи рамки квалитетот на животот кај мнозинството луѓе кои ги знам и воопшто во целокупното глобално опкружување НЕ Е ПОДОБРЕН. 
Баш напротив-влошен е!
Ограниченото ниво на општи познавања и знаења од сите сфери на живот и покрај технолошката револуција на интернетот и отварањето на огромен фонд на слободно образование и пристап до информации, сепак се влошува кај поголем дел од светската популација (вклучително и во Македонија).
Читањето на книги не е мерило и индикатор за зголемување или намалување на нивото на општи знаење кај светската глобална популација. Официјалниот образовен систем како еден сегмент на едукација за учениците не е сигурна гаранција за  стратешко подобрување на нивото на знаење и развој во научна смисла на целокупното општество.
Потребна е широка поврзаност и длабока анализа на зависностите кои неминовно ке доведат кон подобрување на стратешкиот напредок во научна и стручна терминологија.
Безрезервната начелна подготвеност за унапредување на знаењето како неопходност за подобрување на квалитето на живот, не гарантира дека всушност со секој нов ден животот на глобалното население се подобрува.
Покрај декларативните политики на подготвеност, потребна е широка акција за превземање на конкретни мерки и активности кои сами од себе ке продуцираат мерливи индикативни квалитативни и квантитативни промени на подобро во оваа сфера. Секако ваквиот акциски план е потребно да се реализира согласно широка визија на стратешки поглед кон потребата од воспоставување на глобален светски поредок, базиран на општи-прифатен концепт за соживот во нај-човечката (хуманистичка) смисла на зборот.
Каде е тука Делчево?

Каде е тука Македонија и соседството кое пати од комплексот на напакостување на соседот?

Во ек на забревтаност и потрага по моментална слава и богатство кога рано наутро ке слушнеш "Добро утро" налик твоето, од пред 26 години, како производ на интелектот на едно прваче, кај кое ученичката чанта е поголема од самиот ученик, тогаш сваќаш дека животот сепак опстојува во форма која заслужува да биде запаметена. 
Паѓа во вода и најозлогласениот настан кој овозможил бескрајна непомирливост помеѓу било кој поединец, што оставил трага на истиот тој живот.
Сваќаш дека надежта и осаменоста во напорите за ширење на човечноста во која веруваш не се единственото нешто што ти преостануваат.
Сваќаш дека она во кое цел живот си верувал и си се борел со сите твои постапки, се раѓа во форма на нежен кревок никулец како пролетно кокиче под пролетниот снег.
Единственоста не значи и осаменост.

После првиот срамежлив зрак на сонцето зад ридот на исток, следи потоп од светлина која раѓа нов живот.
Првиот зрак обично бива заборавен...
Но, не е ни важно тоа...
Животот продолжува во вистинската смисла на зборот.

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот