loading...

ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Tuesday, August 29, 2017

Со право слугите-народњаци и нивните господари-комуњари во Делчево се плашат од името Шехтански


Правам анкета за рејтинг на најглупи т.н. анкети на про-народњачки и про-комуњарски интернет сајтови за рејтинг на можни кандидати за градоначалници за претстојните локални избори! Цена за посакуван исход на анкетата во инбокс.
Мислам, дали воопшто  некој нормален граѓанин на Делчево барем се обидува да се забавува со ваквите ступидни активности на ваквите индивидуалци кои живеат во свој волшебен свет на т.н. слава.

Дефиниции за однапред некои работи да бидат појасни:
  1. Народњак-реформатор-притаен профитер за лични интереси кој по потреба е вмровец, по потреба реформатор, по потреба шарен револуционер, по потреба СОРОС-платеник, по потреба и комуњар.
  2. Комуњар-види нашироко моја дефиниција за овој поим тука.
Овие две професии природно не се мешаат една со друга, но ја знаете народната: Каде бургија не може-пара буши!

Е сегаааааа....
Ништо сега.... 
Народњаците и комуњарите преку нивните партиски и политички мотивирани "новинарски" текстови и објави на интернет, како и пред секои избори почнуваат со својата постојана иста и досадна перфидна игра на оцрнување на сите можни кандидати за кои (нивното височество-самите тие) сметаат дека се достојни да им ги загрозат однапред дадените позиции кои им следуваат во институциите.
Научени се народњаците со протекционизам и жесток чопоративен настап да си ги остваруваат своите лични амбиции за богатење на грбот на граѓаните како во "времињата кога пари со вреќа се носеле а локалните војводи така пожртвувано и посветено ги делеле на народот". Додуша и поголем дел за себе задржувале ама нели тие се НЕЛИ "војводите" кои прво се важни па за народот што остане.
Од друга страна пак комуњарите со раќање сметаат дека им е дадено правото да го владеат овој народ онака како што нивните претци тоа го правеле по налог на партијата и Другарот. Додуша Другарот може и да не знаел за нивниот "Пашалак" но нејсе.
Уште пред да започне било каква политичка кампања на борба за идеи, проекти и залагања, чопорот на народњаците со однапред определени квалификации маваат на слепо кој каде стигне, па ако погодат нешто, ОК ако не, ќе добијат пофалба од Лидерот кој неуморно бдее (или така они самите си мислат) над нивната "пожртвуваност" за ликот и делото на "војводата". 

И никако, ама баш никако да спомнат што е она што тие ќе го понудат на Делчевскиот и Македонскиот гласачки електорат. Едно големо ништо!
Во позадина комуњарите молчат и си го хранат своето и онака здебелено его, сметајќи дека е полезна пресметката на ВМРО против ВМРО и секој одлеан глас од контото на нивниот непријател, кај нив двапати ќе се брои. Но само така сметаат, а ќе ви кажам и зошто.
Народњаците се тип на луѓе кои ловат во матно. Ниту знаат колку членови имаат, ниту знаат која им е програма, па врз основа на тоа и колку следбеници имаат, ниту знаат каде природно припаѓаат како политичка доктрина. Единствено го разбираат јазикот на парите и критериумот кој повеќе ќе потфрли. Оттука поединци кои припаѓаат во оваа група на политички опортунисти се многу пожестоки во својата реторика и напади против главниот политички опонент на СДС, се со цел да си постават што е можно повисока цена за себе да се продадат.
А оние кои гласале за нив...? За нив важи правилото на однос меѓу "војводата" и народот од погоре во овој текст.

Кампањата како така ќе започне. И прво нешто што ќе го видиме е монтирана некакви си "афера" за нивниот противкандидат во која преку текст, слики, видеа, ќе му измонтираат и мајка и шајка и све по список се со цел да му нанесат што поголема штета пред потенцијалните гласачи.
И потоа нормално нивниот шеф од СДС само ќе се прошета по градските кафани и ке триумфира на изборите.
Но!
Тука има едно големо НО!

Нивната програма, напишана во полски нужник, која ништо не им значи, без никаква реална анализа и остварливост, ќе одат да кажуваат што е тоа што другите не го направиле, секако изземајки се себеси ко од небо паднати и ко првпат да се политички активни, без никаков претходен учинок.
Таа практика истите тие безидејници ја практицираат со години наназад. И постојано губат на избори!
И постојано тоа е катастрофално!
И после изборите на нивните состаноци со ббројност двајца без тројца, се обидуваат да си ја анализараат катастрофалната состојба, и никако грешката да си ја пронајдат кај себеси, туку обавезно народот им е крив, што недоволно го просветлиле со нивните глупости.
Но и со таквите ко нив и народњаци и комуњари, народот има една и единствена потреба. А тоа е: подобар живот за сите делчевчани, за сите Македонци!
На народот не му е гајле за нивните безидејни монтировки, за нивните беспредметни обвинувања и лажни вести од најразличен карактер.
И токму затоа ваквите типови (2-јца 3-јца на број) се плашат од имиња како што е името Шехтански!
Затоа што зад името Шехтански стои досега најголемиот отчет кој што е реализиран за еден 4 годишен мандат на еден градоначалник во Делчево. Со проекти кои директно го подобруваат живото на сите делчевчани.
И затоа таквите политички активисти скриени зад некакви си интернет портали ќе останат на буништето на политичко опстојување на ниво на "сплеткароши".
А фактите никако не им се во прилог на таквите:


Blogger Widgets