ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Sunday, October 1, 2017

ВИДИ НАСМЕВКА! ЧУДНА ОСОБЕНОСТ


И секогаш има по некој кому љубовта кон правдината, чесноста и достоинството му значат се во животот.
И тој некој сака рок ен рол, сака насмевки, сака заедништво, сака духовна вредност и карактерност, сака уметност без пардон, сака храброст, смели визии без изговори, сака искреност, комуникација без лицемерие, сака секому да помогне, и она што може и она што понекогаш изгледа навидум недостижно.
Тој некој не го секираат гниди родени од фекалиите и остатоците од нечие живеење.
Тој некој ќе потегне секогаш кога другите не можат од само ним разбирливи причини.
Тој некој љуби на начин на кој другите не знаат.
И тогаш кога не го сакаат, му забиваат нож во грб и сакаат да го помножат со нула.
Тој некој и тогаш на таквите сака да им помогне, зошто навистина им треба помош.
И тогаш на зајдисонце кога ќе се погледнеме низ последниот дневен сончев зрак, таквите на тој некој повторно ќе му завидат. А срцето јад ќе им набере...
Зошто тој некој се уште има насмевка на своето лице и покрај се, има топлина во неговото срце, широчина во својата душа....

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот