ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Wednesday, December 17, 2014

Сонувај со срцето

За мојот народ:
Подарувам доверба во изобилство,
нудам верба во секого.
Сите ние сме луѓе,
иако понекогаш го забораваме тој факт.

Сакам да верувам во добрините
кои сакате да ги направите.
Споделете барем трошка љубов
за луѓето околу вас.

Таа многукратно ќе ви се врати,
зошто таа е ваша доблест и
олицетворение на она
што сакате да бидете.

Посакајте пријателство и
тоа ќе се оствари.
Замислете правдина и
таа ќе се појави...
Она што можеш
а сакаш да бидеш
не чувај го за себе... 

Посакај го и за другите.

Не врти ја главата пред
она што знаеш дека е вистинско.

Моментот на вистината е само еден.

Почни од сега,
заврши онаму
каде што другите почнуваат...

Припомни си за насмевките
онаму каде што недостасуваат. 

Посакај радост
таму каде што ја нема.

Само светот е еден...
И ти во него единствен...

Човек кој може се да промени на подобро.

Почнувајќи од сега...
Замижи со отворени очи,
сонувај со срцето,
духот ослободи го.

Во тој дух сите ние сме единствени,
со искрена желба за спокојство на разумот.


© К.А. 2014/12/17, in Delchevo

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот