ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Monday, November 10, 2014

Неколку важни аспекти за суштинското значење за поимање на нештата


  • Изградбата на секој поединец во цврст карактер, личност која знае што сака и е свесна за актуелната состојба во широк општествен контекст,
  • Живот во спрега со испитани начини на знаење, за справување со секој потенцијален проблем со кој сме судредни како поединци но и како географски ентитет на одреден географски простор...
  • Изградба на општествен систем, фокусиран на поединецот и негови оптимални врски со остатокот од светот, 
  • Овозможување на широка палета на општествени дејности, градуирани според квалитет, афинитет и широко општествен потенцијал на поединецот, 
  • Држење на динамичноста на општествените процеси на највисоко хуманистичко и морално ниво како репер за одржлив развој.
И на крај: 
  • Конзервативизмот како основа во коренот на современото живеење не само на Балканот туку и насекаде во светот е солидна почетна точка за развој на широк хуманистички начин на уредување на една колективна свест. Вредносен систем кој во ниеден случај  не треба априори да биде надреден над техничко-технолошкиот концепт на развој на либерални можности за справување со стратешки зацртаните приоритети, преку активно практикување на технократски авторитет верификуван од високи образовни институции и академии.
  • Балансиран пристап на овие две класични политички платформи е сериозна база на капацитет за вовед на држава како нашата во костец со сите макро и микро економски предизвици за кои крајната цел би била изградба на секојдневни навики на одговорна нација, свесна за историската улога која им е дадена на оваа генерација македонци.
  • Народ одговорен пред себеси како ентитет, но и одговорен кон секој поединец засебно, во целост како мала алка од многуте, кои го сочинуваат целокупниот национален идентитет.

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот