ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Sunday, November 2, 2014

За пријателите, соработниците, познанствата... Судбински за животот


Со секој нов ден, со секоја нова ситуација, со секој нов момент, животот ја покажува својата убавина.
Нема ништо поубаво од можноста да го живееш животот, онаму каде што отсекогаш си сакал.
Доколку е тоа просторот каде си замислуван уште пред да се родиш, како појава која се уште нема лик, од љубовта на твојата мајка, од твојот татко, во минатото секојдневие на нивната случајна желба и копнеш, тогаш сваќаш дека судбината не е случајна и непозната. 
Колку ли само сме живи сведоци на извонредни случајни судбински одлуки кои го детерминираат нашето секојдневие, но и нашата иднина.
Дали ваквите случајни одлуки, поврзани со судбински детерминизам, можат да бидат идеализирани, обмислени, планирани, и спроведени со максималистички намери за постигање на благопријатен учинок за објективната стварност која ја живееме.
Секако општата свесност за мноштвото на детерминанти во мрежата на матрично влијание на еден општествен процес и реалност (за волја на објективната вистина) е потребна и пресудна за формирање на еден општ  идеен вредносен систем кој би сакале да се одрази за патритната етничка и етнолошка припадност за целниот ентитет. И тоа во услови на постоење на целисходен процес на учење од сопствените грешни, но и претпоставените можности за развој на настаните и како тие би влијаеле на посакуваната целна дестинација на ова т.н патување кон посакуваната судбина. Во генезата на поимот судбина отсекогаш постоело вграден систем на мистицизам, загадочност, непознаница и желбена варијанта на очекувања  кои како репер за престиж на сопствените индивидуални можности за постигање на зацртаната цел, треба да послужат за остварување на егоцистизмот на индивидуалниот успех и престиж пред општеството. Оттука како либава категорија на општествени манифестации и појава на процеси ставени во рамка под поимот "судбина" лесно можат да бидат предмет на манипулација и злоупотреба од страна на поединци или (уште полошо) организирани општествени групи и формациски појави на движења. Цела една колективна свест може да биде ставена во функција на неколкумина  поединци кои на некој начин ќе овозможат гласност на сопствените судбински определби како карактеристична неопходност за цел еден етнитет на одреден геополитички простор. Импрегнираноста на што е можно повеќе судбински чинители е неопходност која сама по себе е неминовна поради потенцијалот на човечкиот карактер да се обидува да влијае на исходот на зборот "судбина". Но, дали ваквата судбина е дело на некаква висока сила на влијание, од непознат (мистички) карактер или пак е сублимат на процесирано мислење на минат труд од страна на индивидуи, кои свесно или несвесно се наметнале себеси во овој процес на гласност и достапност на сопствените мислења , е прашање кое како тема на овој текст треба да ги заинтригира читателите да си го постават искрено пред сопствените сваќања и можности за перцепција.

 Во услови на широка гео-политичка транскрипција на формирањето на доминантен општествен став за движење на светските процеси, се чини ирелевантен индивидуализмот и влијанието на поединецот за можноста да се повлијае на одреден сегмент во процесот на создавање на реалиноста која директно би можела да се отслика пред сетилата на истиот тој поединец кој изворно ги покренал како такви во нивната оригинална форма Секако тоа е обременото од капацитетот и можностите за инклузивно размислување и поимање на сите релевантни фактори кои би можеле да влијаат на една таква сурова идеја за реализација и манифестација во еден вака сложен простор за раст на таа идеја. Краткотрајноста на човечкиот век и преокупираноста со дефокусирачки процеси на единката во нејзината потрага по егзистенција е комплементарен фактор кој се наметнува како доминантен и пресуден во потенцијалниот мисловен процес на градација на приоритетите за индоктринација на сопствената перцепција за животен биоритам. 
Техничките придобивки на времето во кое живееме може да се искористи во оваа насока, како катализатор на детерминирачкиот процес на определување на индикативни показатели за степенот и можностите за определување на претпочитаните судбински одредби на еден центар за анализа на податоци и давање на насоки за институционализација на мерките и активностите за нивно отелотворување во реалноста
Исто така како корективен елемент во таа насока мора да се има предвид здраворазумското расудување на еден општестевн коректибилен фактор составен од институционален дата центар со независни корективни механизми за инструирање на влијание во целиот иницијален процес за покренување на сите неопходни ресурси, преку планираните и воспоставените активност, за постигање на планираните цели. Моментот на евалуација мора да биде изворно вгреден во секој чекор на имплементација на предвидената програма, низ модусот на оваа претпоставена судбина која би не очекувала. Секако евалуацијата задолжително е потребно да содржи во себе и евалуациони мерки за превземање како коректив на целиот процес, со цел за минимализирање на можните злоупотреби и насочувања на самиот процес во непосакуван правец.
Надзорниот супер инструмент е исто така потребен како целиот механизам бо произвел судбина каква што заслужува човештвото.
Кога пишувам за човештвото мислам за совршен баланс на природен космички баланс и хармонија на хуманоидноста со целиот релевантен континуитет на времето и просторот, во најопшта негова манифестација и сваќање.
За крај на овој текст, ќе се вратам кон неговиот наслов...
Како во оваа средина на размислување е релевантно да се зборува за пријатели, соработници, познанства...? Како вреди да се спомене семејството како такво, а таквиот гест  би бил од значење на животот воопшто?
Средината на опкружувањето е многу важна алка во процесот на формирање на една личност. И уште повеќе во процесот на донесување на одлуки за приоретизација на животните постапки и акции кои судбински имаат влијание на развојот на настаните насекаде наоколу. Повторно тука ќе ја споменам веројатноста за свесност или несвесност за значењето на ваквите постапки и акции врз реактивното модулирање на судбинската реалност која не очекува.
Имајки ја во предвид вака поставената теза, овие ентитети на формирани групи се пресуден извор на енергија за активност на индивидуалното влијание во целокупниот општествен процес на формирање на глобална јавна свест за постоењето на една цивилизација.
Сосема за крај: Пресреќен сум што имам специфични пријатели, од кои може многу да се прочита и научи за различни аспекти на влијание врз еден животен простор и опкружување. Соработници кои може многу да помогнат во таа насока, за постигање на заеднички зацртани определби и манифестации на креативност и создателство. Познаници от кои може да се научи нешто сосема ново, досега непоимливо и занемарувачки веројатно како можност на функционирање.
Се чини животот штотуку започнува со секој нов ден, со секоја нова насмевка, со секој можен знак за пријателство, соработка, познанство...

Во наредниот планиран текст од овој едиторијал би зборувал за различните алатки за постигање на општествено отелотворување на судбинските определби за извесен животен вид на постоење....
Дотогаш, размислувајте за судбината...

© К.А. 02.11.2014, во Делчево

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот