ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Monday, November 17, 2014

Поширок концепт за свесност на сопствените постапки


Секаква гетоизација на поедини структури на население на одреден географски простор деклариран како држава, регион, општина или маало, сеедно, допринесува кон индивидуално затварање на таа гето структура во ограничен круг, кој доколку подолго време остане како таков, подложен е на губење на контакт со реалноста и објективноста која е обременета од еден поширок контекст од оној на кој е сведена таа општествена гето структура на поединци.
Во таков условен вакум простор околу кој сите се жигосани како предатори и предатели на каузата за која првовремено застанала да се бори таа своевидна одделна група на поединци, лесно почнува да излегува на површина девијантниот и доминантниот субјективизам на идеолозите и заговарачите на таа гетоизација, при што поради личен престиж започнува своевидна внатрешна борба на превласт, било таа и да била за превласт на мислењето, ставот и карактерот.
Оттука пристапот до широк конформизам на свесност на поширок општествен контекст, во корелација со наметнатите идеи како причина за гетоизација не смее да биде изолиран сам за себе доколку нужно сакаме да предизвика несомнени позитивни промени на подобро за населението на целиот тој деклариран географски простор.
Секоја спротивставеност на мислење има своја цена, цел и широк општестевен контекст на меѓусебна поврзаност и детерминираност, согласно одредбите на домино ефектот за причинско-последично резултантно однесување.
Во такви услови првично и пред се мора да бидат земени во предвид основните претпоставки декларирани со високи правни акти, за општа благосостојба на поединецот, но и поширокото општестено битие кое егзистира под закрила на ваквите правни акти.

Да за постојани промени кон подобро!
Да за константност во променливоста на општествените процеси!
Да за широка флуктуација на мислење, знаење, искуство...!
Но сето тоа ставено во реален општествен центрум на постоење. Без плитка и празна демагогија, без поигрување на чувствата и темпераментот на младиот дух од кој се очекуваат големи дела за иднината на овој народ.
Секое поигрување со чувствата на младиот темперамент и енергија, може да биде крајно опасно и во најмала мера неодговорно пред судот на историјата која допрва треба да се устоличи.
Што придобивка ќе биде доколку ги растресеме гранките на оваа наша јаболкница која вековните берачи на црно едвај чекаат да ја оберат, притоа да испокршат се што има од фиданка, за во догледно време да не може да пророди.
Оттука ќе кажам:

Не на секаква инструираност, исфорсираност, непресметливост, неспособност за визуелизација на реален опшштествен продукт, кој треба и мора да донесе нови вредности на благосостојба за овој народ под ова парче сонце, кое иако  речиси во зимски услови грее непресушно од зад тмурното небо.
Зошто напролет облаците ќе се расчистат, и тогаш пак ќе мора да го погледнеме сонцето.
Дали насмеани со високо крената глава или со бојазност и малодушност во спуштениот поглед кон земјата, тоа сепак од нас си зависи... 
Прво како поединци, а потоа како составни алки на машината наречена МАКЕДОНИЈА.
© К.А. 17.11.2014 in Delchevo

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот