ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Sunday, January 5, 2014

Победа на светлината над темнината


На еден фотон му е потребно околу 8 минути да стигне од сонцето до земјата. Доколку сега во моментот одеднаш сонцето згасне, ние (човечкиот род) се уште ке гледаме светлина за тие 8 минути...
Животот со самото раѓање е предодреден на судбинската неизбежност наречена смрт.
Важни се тие 8 минути на патешествие по бескрајниот космос, што светлината ги минува, делувајќи животворно на целата околина каде помине...
Исто е и со животот...
Господ Исус Христос се роди, за да умре, и повторно да живее....
До крајот на светлината, во царството на вечната темнина...
Се додека сме живи, нека свети нашето дело за животворност во апсолутна смисла на зборот.
Со светлина да ја победиме темнината, само така ке има смисла животот на патот кон бесконечноста...

Во Деновите кога смртта загуби смисла, а животот победи со сопствената жртва:
Честит и светол Божиќ-Рожденство Христово, на сите мои сограѓани, кои вплотени ко еден, значат светлина во вечниот мрак.

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот