ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Sunday, January 26, 2014

Сеќавање на заборавот (дел први и врви...)

Уште откако се родив, заборавив како е да се биде суштина. Волшебна нишка за поттик на нешто убаво...Далеку поубаво од љубовта. Целосно олицетворение на исполнетост и поврзаност. Круг на бесконечност и постојаност. Само животот може да биде логично следство на самата љубов.
Зошто се плашиме од смртта? Дали таа не е повод за уште поголема љубов?
Времето во таа суштина има безначајна улога...Само бледо оправдување на неспособноста да се сака, во полн израз на зборот вечност. А, во средиштето на овој неограничен простор, стои лут непокор на објективната стварност.
Прекинат круг на континуитетот на суштината.Само така би ја нарекол суровата неспособност на трансцеденталната прилика за недостиг на животен сензибилитет за единственост на Едниот во сплотетеност со вечноста.
Еден и Една...Близу а толку далеку...Далеку како една бесконечност и назад...Во чаурите на рудиментираната состојба на она што најдобро го знаеме како ум... Не повеќе од микроуниверзум на суштинско ниво на постоење, како причина за уште поголема апокризија на апсурдот наречен реалност без концепт за неопходност на истата таа вечност. Од внатре до надвор и повторно нигде... Бледа сенка на сопствената светлина во празно.
Колку ли само знаеме да се саможртвуваме...За волја на сопствената вистина, дури и кога е апсолутна.
Знаејќи се, суштината ја губи сопствената причина за постоење. Недалеку од портите на небесната светлост на сезнаењето, суштината има смисла, се колеба за својата иднина. Со секој нов момент во нишките на временската оска која нема значење за постоењето, постои неурамнотеженост на се-мирот. Што ако? И дали можеби? 
Затварајки ја оваа порта зад временската неограниченост, разделена од било каква материјализација на суштината, таа добива нов спомен... Момент во кој вистината станува бледа копија на самата себе и почнува да се создава од почеток.
Некој тоа би го нарекол "Големата експлозија"... Јас ке посакам да не го нарекувам...
Зошто во тој момент почнува незнаењето... Дури тогаш почнува љубовта...За слава на некој нов живот, роден од суштина на постепеното себеспознавање. Повторно времето нема смисла на суштинска поврзаност, иако почетокот само што започна. Дали ова не би било доследен крај на уште една смисла на суштината која никако да исчезне. 
Во все-лена-та, се е "во"... Кога суштината подобро ке ја разбере вистинската звучност на зборот и до крај ке го забележи општото значење на неопходноста за синтетичка генерализација на самата себеси, помалку енергија ке мора да се претвара во маса и обратно. Се уште времето нема мирис, за релевантна манифестација во спој со општото постоење на суштината. Дали некаде во светлината се крие оваа 4-та димензија на единственост со материјата.

Продолжува до некој нареден филм...

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот