ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Friday, May 19, 2017

После вечноста

Кога ветрот ќе остане единствениот пријател над земјата околу тебе,
кога одамна пожолтените лисја ќе се разиграат во нивниот последен танц кон вечноста, нежно скокоткајќи ги студените и изострени камења од околу, 
кога само тишината ќе биде нацртана во твојот мраморен поглед, упатен кон развеаните стапки, по кои чекорел уште еден сон... 
Тогаш присети се! 
Побарај ме.... 
Низ длабоките брзаци на изворот на мојата јаркост, 
на нескротливите плеќи на планињето кои ја затскриваа мојата гордост, за ветриштата да не ја оддуваат, 
во свежината на стогодишните дабови распослана на наивното зеленило, 
прашај за моите воздишки. 
Побарај ги моите дланки како се уште стојат подигнати на висина на моите рамења од кои извираат, зошто тоа е пространство од кое блескаше твојата милна насмевка. 
Ја чекаат да ја дофатат! 
Стојат така заборавени во времето, обесени во просторот, со надеж дека ќе допрат барем еден блесок од твоите космичко-темни очи, низ кои пловат галаксии. 
Наслушни под земјата на која газиш, како последниот удар на моето срце го посакува твојот допир, за да продолжи да живее, барем уште еден миг. 
Кога сончевата светлина ќе праша: Која си ти девојко? 
Да зататнат корењата на нов живот, низ стебло и крошна да го извајаат твојот совршен лик, 
да остане за навек ладовина на нечии нови воздишки од кои ќе се родат нови приказни, поубави од оваа, која тебе ти ја посветувам. 
Ако има нешто повеќе од животот, таму побарај ме. 
Зборот мој даден, прибери го, тогаш во твоето срце. Конечно тогаш да си дојде дома, да се вгнезди таму каде што му е местото, а со себе да ти донесе топлина во бескрајното студенило посадено од нечија случајност. 
Присети се! 
Како легнати на земја го гледавме моето најубаво ѕвездено небо, и таму некаде мечтаевме да се видиме себеси.

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот