ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Tuesday, January 24, 2017

За светот по СОРОС

Кога глобалните корпорации во отворените општества на СОРОС и таквите како него, чија што филозофија на вредности значи како до поголема сума на пари на контото, почнат да шират демократија со моќта на истите тие пари, секогаш страдаат поединци.
Страдаат до точка на сиромаштија, робовска подреденост за физичка експлоатација на евтина работна рака, евидентна неписменост и незнаење, ограниченост во своите слободи, права на избор и затвореност во магичен круг во кој доминира крах на човечкиот морал и општо човечки особини. 
Моќта на големите капиталистички корпорации, на кои им е од интерес да се залагаат и да финансираат едно такво глобално општество на отвореност, без традиционални норми и односи на човештвото градени со милениуми назад во историјата, воспоставуваат свој систем на односи и финасиско-правен систем кој ним им одговара во насока на акумулирање на што е можно поголеми финансиски профити кон една мала група на луѓе кои во структурата на едни такви пирамидални подреденост ги контролираат светските текови, развој и напредок.
Време е да се запрашаме, каде оди науката, каде оди уметноста, колку нови капитални вредности се создадени во било која културна, научно-образовна и општествена област од цивилизациско значење?
Каде тоа општеството се движи под контролата на ММФ, Светска банка, нафташките магнати, електро-енергетските конзорциуми и корпорации кои можат преку ноќ да влијаат во насока на промена на основното човеково право на слободен избор.
Економското ропство отсекогаш било присутно во различни облици во сите цивилизациски нивоа на развој.
Не смееме да дозволиме тоа ропство да прогресира, на име на нашата инертност, неподготвеност за превземање на акција во насока на борба за подобра објективна реалност за што е можно поголем број на живи суштества (не само луѓе)
Да излеземе сите заедно во пресрет на животот!
Се што е негативно (колку тоа и да звучи релативно) моралните човечки вредности и принципи се чини се единствената реална и опиплива материја која иако од локал до локал се разликува за одредени нијанси, сепак имаат една заедничка суштинска основа.

Религиските поделби, политичките групировки, класната поделеност (формална и неформална) во финансиска смисла мора да се обидеме да ги надминеме врз основа на нашите основни морални и човечки вредности.
Не смееме да дозволиме да негираме нечиј друг живот или право на живот.
Силни и обединети во убеденоста на моќта на моралната човечка способност за коегзистирање едни до други, да пристапиме заедно кон прогрес базиран на разумни научни факти, толеранција на различноста на мислењата и независното делување на поединци.
Само така можеме да постигнеме одржлив развој и долготраен напредок во квалитетот на живот.
Можеби ваквите одредби навидум звучат социјалистички и утопистички, но сепак оптимист сум дека можеме да се потрудиме секој од нас да придонесе кон оваа насока за постигање на една убава заедничка цел за добробит на сите поединечно и заедно.
Активизмот на граѓанските организации дефиниран од идејата за отворено општество и свет без граници е благородна, но само доколку не се во прашање финансиските интереси на мала група на луѓе кои од позиција на финансиска моќ, се ставаат себеси во улога да го ограничуваат правото на слободен избор и слободна волја на делување.
Аморфна и обезличена маса на луѓе кои немаат свои идентитетски посебности или во крајна линија гордост базирана на еден минат труд на генерации пред еден поединец кој е дел на една таква аморфна маса, поради бројни емпириски примери многу полесно се контролира, особено преку моќта на парите.
Активистот платен од пари чие што потекло во многу случаи не се знае и е премолчено, исто така не е активист, туку вжештена маша во рацете на куклари кои како што ги прават своите потези така машата ја поместува жарта во печката.
Ваквата појава се нарекува едноставно, купување на волјата на активостот, и нема никаква врска со слобода и подготвеност на борба за слобода!
Еден особено проблематичен аспект во едно вакво актуелно отворено општество за кое се залага оперативата на СОРОС се обидите за негирање на идентитетските одредби на нациите, народите, традицијата, културната поединост и јазичната уникатност и убавина.
Со укинување на идентитетот на одредена група на луѓе, се зголемува можноста тие да бидат ставени во еден глобален котел на доминација на мала група на луѓе кои со желба да станат нов светски поредок, почнуваат да ја губат смислата на човечко битие и се доживуваат себеси на еден сосема поинаков начин.
Неограничената моќ за контрола која произлегува од таа улога на финансиски моќници и распределени улоги на подреденост во вид на една пирамида, доведува задолжително кон деградација на човечките особености и природата на човечкото постоење.
Таа природа е едноставна: ЉУБОВ!
Љубов кон сите живи суштества, љубов кон природата, љубов кон светот и пошироко во космосот, љубов кон реалноста, таква каква што ја знаеме и не ја знаеме.
Парите не знаат за љубов!
А дозволуваме пари да не контролираат и дефинираат!
Се надевам и посветено се залагам тоа да не биде така!
Никогаш ред тоа и никогаш по тоа!

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот