ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Friday, January 27, 2017

Белосветски подароци за разнебитување на нашата независност


"Nought from the Greeks towards me hath sped well.
So now I find that ancient proverb true,
Foes' gifts are no gifts: profit bring they none."
Sophocles (496 - 406 BC)
..........................................................

Потчинувањето на еден народ започнува со подароци! Богати подароци кои со себе носат скриена порака. Досегашното искуство во историјата на нашиот народ говори за многи "подароци" кои ни се дадени, секогаш придружувани со пропратна скриена агенда, која има за цел да не потчини како народ и држава.
Не би сакал да набројувам надолго и нашироко, само ќе ги спомнам "подароците":
1. Прием на Македонија во ОН,
2.Признавање на Уставното име од страна на САД (администрацијата на Буш), итн....
Овие два настани беа пропратени со значајно деградирање на гордоста од една страна но и материјално уништивање на РМ во смисла на намалување на нејзината независност...
Во таа насока одат сите аранжмани на ММФ, сите кредити на Светска банка, сите грантови од странство.....
Еден пример само: УСАИД доделува грантови за изградба на пречистителни станици за вода са пиење, со имплементирана технологија која не соодветствува со реалните економско-технички услови на општините за нивна операбилност. Погодете кој ја продава таквата технологија и кој ги изведува главните теренски работи за нивна инсталација?
Вакви микро примери има безброј....

Од тука изреката кажана од Софокле (на почеток на оваа теза) треба во полн интензитет да се земе во предвид, затоа што денешните меѓу државни односи не се на ниво на пријателство.
Денешната изјава на Theresa May пред конзервативците во сенатот на САД исто така е во таа насока во однос на "пријателските" односи на Trump со Puttin (Руската федерација)
Одтука високо ниво на политика на еквидистанца, базирана само и единствено на интересите на Македонскиот народ е потребна да се етаблира помеѓу политичките фактори во државата на сите нивоа на комуникација и дејствување, како во домашните така и во меѓународните односи на нашата држава.

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот