ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Sunday, February 12, 2017

Две срца-разделени....

Toj:
-Две срца.... 
Разделени.... 
Едно големо едно мало... 
Толку далеку а сепак толку близу... 
И јас на средина.... 
Твоето го познав, исто ко моето... 
Само со блесок на бескрајна убавина...  
А моето со рака посегната кон него.... 
Сака, те посакува... 
Да те допре, па макар и за миг... 
Да те осети, па макар и на кратко... 
Миг кој ќе застане засекогаш... 
Во две срца... 
Едното твое и другото пак твое.. 
Зошто од поодамна сум ти го подарил... 
Да бидат две ко едно цело....
Таа:
?!Твое ли се овие зборови...
Тој:
-Не...
Ги препишав од твоите очи....
Таа:
-Има ли живот за мене без тебе?
Тој:
-Немој да плачеш...
Кога светот би згаснал.... 
И би останала само тишината... 
Ќе се претворам во шепот кој со последниот свој здив ќе го извика твоето име... 
Зошто сакам да остане запишано таму негде меѓу ѕвездите... 
Твојте очи....
Не дозволувам небото да заврне...
Таа:
-Не плачам...
Се радувам, а солзите така по навика...

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот