ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Sunday, April 5, 2015

Поделеноста како мотив за спречување на истата

Текстот е напишан пред точно една година....
Фрагмент:
"Меѓусебната поделеност, отсекогаш била најголемиот непријател на концептот наречен Македонија! "...
Што да кажам сега во моментот дополнително, ќе биде премалку....
Само со верба во сопствениот народ, комшија, пријател, роднина... Меѓусебна почит, толеранција и развиено ниво на комуникација... Да ислушаш било кој, да бидеш ислушан...
Само тогаш ќе можеме да создадеме повисоки вредности за нашиот цивилизациски идентитет на постоење. Преку дефинирање на широк спектар на заеднички, би се рекло општествени сфери на интерес со што по сеопфатен делокруг на покриеност и аналитична поделеност на истите, само тогаш ќе изградиме иднина поубава од сегашноста. 
Заедно и без предрасуди, свесно и со знаење, кое традиционално се манифестирало под ова парче македонско небо. 
Меѓусебната поделеност, отсекогаш била најголемиот непријател на концептот наречен Македонија! 
Разновесие на мислата да! Но не по цена на паушалноста, неукоста и неразумноста. Сечиј придонес е посакуван и корисен: на соодветно ниво, определено според емпириски, научни и високо оправдани причинско-последични аргументи.
На тој начин да дозволиме уште поголема кохезија на национална свест, според општо-прифатените граѓански норми на пацифистичко општество и свет без административни граници, каде единката ке биде устоличена на пиадесталот на вредности. Искрено, без табуизирање, гетоизирање и без монопол и доминација на индивидуалната мислата над останатите. Да, за равновесие на душата и срцето во заедништво и еднаквост со себеси, општеството и природата. 
Преку константен процес на автокритицизам, преиспитување на постапките манифестирани во вид на извршена работа и ефект, можна е регулација на нивото на издржани реални позитивни придобивки во било кој даден момент во временскиот континуум, за создавање на историја вредна за иднината.
© К.А. 05.04.2014 година

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот