Во напорите за сузбивање на сето зло (реално и имагинарно) потребно е да се анулира можноста за појава на хаотично-еволутивна генерична развојна фаза во временски детерминирана дистанца, на ново потенцијално зло кое само од себе би се мултиплицирало хранејќи се од сопствениот страв, ограниченост и непредвидливост.

Читајки ја историјата на интегритетскиот развој, секогаш било дискутабилно, што е добро а што е лошо.
Дали јазичната детерминираност на поимање за суштината на нештата, внесува дополнително-лажна перспектива за неспособноста на нејзино идентитетско спознавање?
До кога со ограничено знаење ќе се бориме против незнањето?
Зошто воопшто пристапуваме на рамка закачена на ѕид за да ја погледнеме сликата која и покрај богатството на својот уметнички и иновативен израз не е доволно голема за допир до апсолутната вистина над се што едноставно е?
No comments:
Post a Comment