loading...

ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Monday, December 28, 2015

Само уште една причина повеќе


Понекогаш многу често максимата "Правам се што можам што е во моја моќ..." не е единствено доволна за креирање на неопходните промени на подобро во едно општество во било која смисла на зборот.
Стоицизмот и помирувањето со сопствената немоќ создаваат робови кои во одбрана на сопственото его и интегритет на личноста понекогаш можат да остваруваат негативен ретрограден биланс во рамки на својот ангажман во определен општествен контекст. Во такви моменти се формираат контурите на еден магичен круг кој во различни општествени системи се манифестира различно и со различен интензитет, но секогаш без разлика на деталите предизвикува распад на општествените односи и вредности, доведувајки неминовно до целосен или делумен распад на целиот систем.

Промената на генерации во текот на повеќе години не е решение за надминување на оваа малигна појава во таквиот систем, бидејки овозможува динамични и не ретко позитивни практики но само на на краткорочни временски делници, додека стратешки одржливиот развој во никој случај не може да дојде до израз, влечен кон бездната на турбулентност и непредвидливост во одреден општествен контекст, предодреден токму од оваа (на почеток истакната) максима.

Оваа теза е особено истакната во лимитирачки природни и општествени услови на егзистирање на една заедница на поединци и интересни групи на поединци. Набиената концентрација на неразјаснети и недефинирани практики во еден затворен (помал) круг на поединци, доведува до затајување на механизмот за размена на позитивни пракси, но и теоретски формирани идеи, што поради недоверба и постојаната моќ за превласт едни над други, така и поради ограничениот капацитет за промени на ограничен број на луѓе кои имаат позиции на политичка моќ, што важи за ена од најпосакуваните работи во денешното светско (глобално) општество.
Успешното модерирање на долготраен процес за намалување на ефектите од еден ваков ретрограден субјективизам кој како тумор се шири во едно општествено ткиво, е основен предуслов за градење на фер демократија, предодредена од пазарно ориентирани вредности на напредок на општеството, со моторната сила на поединци, кои сами себеси ке се издиференцираат од темелите на една ваква општествена креација на постојано и динамично знаење, макотрпна работа, чесност, свесност за потенцијалните можности (предизвици и придобивки) и морални и правни закономерности на меѓусебни односи во една општествена заедница.

Blogger Widgets