loading...

ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Sunday, August 9, 2015

Зошто посакувам многу светли ѕвезди на делчевското општествено небо?



Во овој обичен и вообичаен момент поради ненадејна дрскост кон самиот себе сакам да истакнам дека Делчево е мал и провинциски град со рурални навики за живот од памтивек до денеска. 
Оваа првична моја лична поразителна квалификација ја базирам пред се на мојата лична немоќ да видам нешто поразлично од нејзе, во услови на "громогласна" потиштеност на најисточниот град во Македонија.
Истовремено во овој контекст би сакал да кажам: секоја чест на сите тие поединци кои со својата особеност се трудат ваквата поразителна реалност да ја променат на подобро.
Но, не е доволно само да се сака Делчево и со овој наш "невиден и натчовечки напор" да се подобри стандардот за живот во нашиот град. Потребно е знаење, толкување на позитивни искуства и нивна оптимална примена во наши микро услови. Потребна е борбеност и максимална проактивност во остварување на стратешките идеали за општо добро на пошироката локална заедница. Да бидам доследен сам на себе, не сум сигурен дали воопшто постои критична маса и бројност на луѓе кои секојдневно со самото свое будење од летаргичниот сон воопшто помислуваат на овој поразителен факт од делчевското секојдневие. Не сум целосно сигурен во вистинитоста на фактот што можеби Делчево по глава на жител го има најголемиот број на кафеани, барови и капацитет за прием на посетители во дискотеки не само во Македонија туку и пошироко, но мислам дека доколку ова е точно, треба многу брзо истото та се промени и своевремено да станеме (како град) познати по нешто друго.
Потребата од завист, оговарања, малограѓанштина, политичка СВЕзнајност и подготвеност да се замараме со се и сешто освен со сопствената работа е исто така социолошки подобен предмет за дискусија... Само доколку би имало повикани социолози за да истражуваат на оваа тема... Впрочем како и многу други општествени форми на професионални кадри, кои се грижат само за сопствената гола егзистенција, во услови на голема депопулациона ситуација на нашиот град.
Повторно ќе кажам: во ова наше море на преживување само убавиот воздух, спокојството и мирот, богатството на традицијата, шареноликатата природа и исклучително важните и ретки исклучоци на поединци се она што ми даваат за право да верувам во светлата иднина на ова наше питомо и убаво гратче. И ништо нема да ме поколеба во овој мој став! Не затоа што го сакам Делчево, туку затоа што сум оставил веќе осум години на активно работење и создавање на мали но верувам корисни прилики кои одат во прилог на она што може да се нарече општествена сфера на живот во современи услови на немилосрдна глобализација на светското знаење и постоење.
Светот не почнува од нас, но ние самите како поединци сме убава можност да го промениме тој свет на подобро. 
Да започнеме од Делчево! Домот на нашата младост, светилиштето на нашето постоење...
Со секој нов ден, со секој нов здив...
Сите ние го заслужуваме тоа во името на нашите предци, кои го положиле својот живот во самите нас.
Blogger Widgets