loading...

ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Sunday, August 9, 2015

За правото на избор и подреденоста на истиот


Секој човек во животот има право на два избора:
  1. Првиот да се чувствува толку голем што секој негов нареден чекор би бил комплетно разочарување и
  2. Вториот да се чувствува толку мал што секој нов ден може да му донесе единствено успех.

Овој за некој незабележлив конфликт на интересот на личноста во дамарите на сопствената оформеност на карактерот и свесноста за сопствената појава, во огромна мера придонесува за своевидна детерминираност на животниот пат за секој еден поединец.
Ваквата дисперзија на формирање еден животен циклус  може да придонесе кон визионерска определеност на нечија "судбина" и формирање на широк спектар на мерки за интерференција на брановото движење на тој животен пат под контрола на надворешна модуларност и детерминираност.
Во услови на висок степен на поврзаност и меѓусебна зависност на апсолутниот животен простор, оваа интерферентност може да формира свој шаблон за сопствен развој и надоградување, преку свија повисока свесност за сопствен раст и присутност.
Како и да е, и во двата случаи човекот не престанува да се надева на подобра иднина, за на крај од животот да свати дека најголемо жалење има за моментите што ги загубил надевајќи се на посветла иднина, без притоа да се обиде да си ја создаде истата.
Губењето на текот со реалноста, живеејки во себе-идеализирачка состојба, создава комплетно дезориентирано општество во кое царуваат социолошки премиси на загубеност на индивидуата во општиот соживот на пошироките општествени прилики и трендови.
Од друга страна пак радувајќи се на реалните сопствени успеси на микро-временски план, не смееме да се препуштиме кон затапеност на стратешки декларираните потенцијални придобивки на општ општествен план, пред се во благопријатна животна смисла на апсолутен хуманизам, рамнотежа и хармонија на човечкото битие составено од целокупната земјина популација на интерконектираност. 
Blogger Widgets