ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Sunday, March 29, 2015

Перцепција на постоењето


Секогаш да бидеме што е можно повеќе свесни за постоењето на сопствената сенка.
Рефлексијата на она што е наша лична манифестација во просторот кој е дефиниран со нашата лична појава. Било како физикус или како нематеријална аура на детерминираност.
Несовршеноста на нашите материјални карактеристики и сликата за нашиот егзистенцијализам во најширока форма на значење се два неразделни аспекти од нашата човечка природа.
Совршеноста доаѓа од балансот на изедначеност за квантитетот на влијание на овие два сегменти во генералната слика  на една индивидуа.


Се она што можеме да го направиме, да не дозволиме да ни избега од дофат. 
Зошто животот е еден и идинствен.
Следното видео има толку многу што да се каже за неговата содржина и техника....
Оставам на секој кој го чита ова да си понесе сопствени импресии од истото...
Но едно е сигурно....
Срцето затреперува, свеста се буди...
Човечкиот дух е голем, до непознати граници и назад.


No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот