ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Saturday, March 21, 2015

Небото знае...


Има моменти во животот, кога вечноста се отелотворува во благородна визуелизација, за доброто на човечкиот бит.
Со невидливи крилја на апокрифниот завет на традицијата и љубовта кон реалноста наречена Сега, создаваат турбуленција во равенката простор=време. Бурна реинкарнација на стегите на искреноста и големината на човечкиот дух. Едноставен немир кој раѓа дела. Не постои сила на небесата што нема да се восхити на ликот на сопственото ЈАС. Тој лик, тоа сме сите ние....Тоа е ликот кој се воплоти во нашиот заеднички микрокосмос. Тој лик, значи светлина...Зрачи надеж....Со верба во Бог, засекогаш и за навек...
Се додека е царството божјо....
А потоа, небото знае....
© К.А. 16.01.2013, in Delchevo

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот