ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Saturday, March 21, 2015

Среќен ден, божји ден за сите нас....

САМО ВО ДЕЛЧЕВО-БЕСПЛАТНО БАЕЊЕ:
против опозициони малери, 
порази на избори, 
незнаење, 
лутање од немајкаде, 
Слепа неаргументирана послушност кон вечниот опозициски лидер, 
расфрлање флаери во вечер пред избори, 
чкртање на неандерталски хиероглифи по јавни површини и објекти,
Ширење омраза, 
подготвеност за суров реваншизам и одмаздољубие,
Делење на пари од Швајцарија, со цел на поткуп на гласачи, 
плукање против довчерашната сопствена партија зачинето со лични навреди против портпароли и други довчерашни пријатели и многу многу други порочни политикантски егзибиции и салто мортале маневри.
Почитувани пријатели, Општина Делчево и СИТЕ нејзини граѓани се најголемото богатсво на ова наше секојдневие!!! 
Ајде сите заедно да дадеме дел од себе за поубаво утре за СИТЕ нас и за генерациите што доаѓаат. Да не дозволиме заедничката иднина да биде последица туку придобивка и гордост. Чест со која секој од нас ке се чувствува вреден и достоен сопатник во времето кое надоаѓа.
Нашите сили смело да ги импрегнираме во концентрирана цел, за светла иднина на сите нас заедно. 
Таа цел се вика развиена општина Делчево, животен стандард повисок од било кога претходно, почит и меѓусебна среќа за секој од нас пооделно.
Таа цел се вика знаење, свесност и разумност, за моментите кога ке заоѓа сонцето на секој наш индивидуален живот, да имаме храброст пред секој од нас самите да си кажеме: ДА! Јас живеев во тоа време.... Го направив мојот живот вреден за живеење....
Таа цел се вика љубов и топлина пред се за себеси и најблиските, но заедно за сите останати. Подарената насмевка да биде беспрекорна и кристално чиста. Блесокот во меѓусебните погледи да биде искрен и долговечен.
Таа цел се вика постојано раѓање на меѓусебна сплотеност. Отелотворување на заедништвото, на секого со самиот себе, остатокот од светот но и вплотување во битието на Бога. Спокојство во срцата и величина на духот.
Таа цел се вика секојдневие кое е вредно за живеење. Присутност и спознание на себеси и целокупното земјино битие. Зошто животот, тоа е единство. Единка која цути во сопствената уникалност. 
Мојата цел е наша цел, а нашата цел е и моја цел.
Таа цел се вика поклонение на традицијата, признание на предците, почит кон иднината, свесност за сегашноста.
Таа цел се вика ДЕЛЧЕВО-Минато сегашност и иднина, во едно...Секогаш присутно а никогаш несомнено.
Сакајки се себеси значи да ги сакаш останатите, зошто сите ние сме едно-единствено.
Родени посебно но во центарот на единството.
Ајде сите заедно да ја прегрнеме нашата заедничка иднина....Така го прегрнуваме нашето минато и ја цениме нашата сегашност.
За многу години нека е денешниот ден....
Обичен ден а сепак празник, празник на Минатото, Сегашноста и Иднината.

© К.А. 08.04.2013, in Delchevo
После локалните избори

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот