ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Thursday, March 26, 2015

Во моментот на заслепеност од сопствениот престиж


Во услови на "бомбардирање" на јавноста со информации од секаков карактер и обем, многу тешко е на поединец да допре до суштината на објективната слика за постоењето на нештата.
Во тие услови на постојана трка со вистината навистина е потребно високо ниво на знаење, обмисленост, личен кредибилитет и способност за делување како поединци но истовремено и како заедница. Интерес на секого е да биде во состојба на постојан сопствен престиж и постојано надоградување во смисла на квалитети кои за себе ги смета вредносно карактеристични.

Индивидуализмот се гради врз основа на сопствени лични капацитети... Заедништвото се гради во почитување и познавање на разлочноста на индивидуите.

Она што сите не поврзува во едно битие на цивилизациско ниво, е способноста да се проникне во суштината на потребите на сите посебно но и на заедницата во целина...

Има моменти кога од силината на светлината на сопствените постигнувања во тркот на престижот, не можеме да погледнеме подалеку од носот...

Во такви моменти е потребна дигресија на напредокот, зошто инертноста може да не донесе на погрешно место, далеку од првично посакуванот...

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот