ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Friday, March 11, 2016

Извадоци од имагинацијата


Ти си сон од човечко суштество
најпрекрасен што може да се сони...

Samo za tie so mozat i go gledaat toa vo taa nasoka...


Се прашувам... Има ли човек кој те познава а да не го мисли тоа за тебе?


I jas se pitam dali e realno da slusam nekoj so toj stil na razmisluvane I pogled kon nestata?

Iznenadena sum

Too good to be true.

Да...
Вистина е!
Како што е вистинска убавината во твоите очи
на моменти непогрешлива,
нескршлива, кротка, а сепак дива.
Величествена како големото небо
и над небото-целосниот мир на космосот.
Ѕвезди....
за ѕвезди зборувам.
Ѕвезди кои потекнуваат од твојата душа.
Толку.... 
Толку блиски, а сепак далечни.
Но сепак убави.
Убави како небото на кое се родени
за молчешкум да стојам пред нив
и да сакам да ги допрам,
да ги допрам со затворени очи
со помислата за совршеност и перфекција,
топлина и нежност.

Само ти... само ти можеш да знаеш
за што говорам
зошто говорам за тебе
ни повеќе ни помалку
единствено толку колку што знам!

А знам многу
но не и осетот за
големината на твојот сјај
кој извира од тие небесни ѕвезди.

Понекогаш мислам дека сонувам
и занесен сонот ми станува јаве,
а тогаш....
Тогаш затварам очи
и премолчувам
за да не се разбудам.

Во сонот, во кој твоите очи се само мои ѕвезди!
Редок дар кој не сакам да го делам со никого друг.
А и да го поделам....
тој дар е дар кој не бледнее лесно
се дури имам сонови за сонување
и светлина во очите, се дотогаш
твоите ѕвезди ке бидат моја светлина.

Се уште се чудам и не можам да поверувам дали горенаведеново е за мене.
Ти заслужуваш многу повеќе за возврат.

Ѕвездена убавино...
фала ти
за инспирацијата.
Нема особа која може тоа да го направи за мене
а тоа е нешто што не се мери квалитативно
не знам....
Извини....
Не сакам да те оптеретувам
извини!

Ни најмалку не е оптеретување или слично. Моментално само се чудам и прашувам:
-Дали навистина постои личност со друг став, мисли, што ни најмалку не се слични на тие што знаат повеќето да ги употребат?
Компарации и слично-Површински баш како и самите тие.
Дали навистина постои некој што го осеќа духовното пред она што может очите да го регистрираат?!
Дали некој осеќа повеќе нешта одколку самите зборови што дозволуваат, само преку еден едноставен мисловен бран?
И затоа зборови не се потребни.


Само ќе кажам... 
Чувај ја убавината што ја носиш во себе... 
Ретки се луѓето како тебе...
Големината што ја имаш извира од срцето.... 
А тоа срце бира дали ке остане цело или ќе се распадне...

Единствено морам да ги чувам овие мисли 
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------
....... почесто се заборавам самата....
Фала ти.

Украс... 
Украс си ти.... 
Украден од Бога да го облагороди овој свет...
Тој татко ти.... 
Откинал парче од рајот и го донел на земјата
Сите ----------------------------
----------------------------------
и никогаш нема да заборавам.

....А мајка ти.... 
Гордо го одраснала,
како цвеќе во градина....
Цвеќе кое наликува на ѕвездено небо
сред најубавата ѕвездена ноќ
во рани мугри
пред да изгрее сонцето
срамежливо да не те вознемири.

Како свежина
пред да падне утринска роса,
трепет на ветрот
низ штотуку расцветаните пупки на гранките.
Во прегратките на земјата
која почнува да и недостигаш
се повеќе и повеќе,
како поминува времето
небаре може да одлеташ
како птица од дланка,
каде ритамот на твоето срце оставило музика за паметење
вткаен во времето
како невидлив дух кој некогаш владеел овде- наоколу... 
Насекаде...

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот