ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Friday, June 17, 2016

Видов многу

После секоја војна, 
после секоја насмевка, 
после секое скршено срце, 
после секој волшебен поглед, 
после секоја солза...

Отвори го срцето 
за денот што претстои, 
за ноќта што почнува да владее 
и за утрото што се раѓа.

Тоа си ти 
на патот кон вечноста, 
исполнувајки го својот живот, 
со сопствениот завет 
на твоите претци. 

Ти си слика 
на љубовта 
на твоите претчувства 
уште пред да се родиш...

Онаму каде секоја војна завршува, 
каде секоја насмевка е вредна за спомен, 
каде скршените срца заздравуваат, 
каде нова магија се раѓа со секој нов поглед, 
каде грутка камен од срце паѓа со секоја нова солза.

Исплачи се небо, 
накисни ја земјата.. 
За од тој немир 
да се роди нешто величествено.

Некој како ти, 
она парче небо што недостасува во нечиј живот...

Оние неслушнати песни 
кои љубоморно тежат на твојата себичност, 
споделена доцна во ноќта 
со очите кои светат само за тебе.

Отпушти се... 
Спокојно... 
Немирот остави го зад планините на вчерашниот ден... 
Вдиши силно од воздухот
 во мугрите на мојата помисла 
за она што сакам да бидеш. 
Биди се она што го видов во твоите очи, 
познавајки се себеси со сиот мој жар и постоење.

Верувај, 
видов многу...

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот