ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Tuesday, June 7, 2016

После добра ноќ


Очигледно спиеш сонце, 
утрово тмурно е,
заспала светлината на светот во твоите очи
а облаци се надвиснале кога тебе те нема.
Утрово сонот ми беше преубав,
толку мирен и толку спокоен.
Сон во облаци, во твојата прегратка
Најмека постела за заспивање.
Сон како љубов небесна,
Јас и ти небо и земја...
Небото на чии што висини грее сонцето-
две очи два бисери што моја надеж значат.
И земјата, мојата земна гордост,
што ете судбината посакала да те сакам.
Од ваквиот сон, се успав, посакував повеќе и уште,
да те галам во мојата прегратка,
да те љубам барем уште еден миг повеќе...
Зошто ми требаш,
Онака како што небото ја сака земјата на линијата на хоризонтот,
Онака како што сонцето секое утро ги љуби планините од истокот,
И жарот на залезот го жари небото над западот.


Ти со мојата жар,
Ти си мојот копнеж
ти си се што сакам јас,
Ти си мојта изгрев,
Мое сонце над светлината на овој ден,
ти со мој спокој, во залезот на секој нов ден.
За утре пак да те сакам,
За век и веков,
се додека сонцето ја гали земјата...
За после тоа приказната оваа нашата љубов да биде запишана на небесата,
Други да видат,
Како еден човек, срцето си го подарил за нечии ѕвездени очи, и раскошна рајска насмевка....


No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот