ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Thursday, June 30, 2016

Таа... (Втор дел)

Ти и јас, јас и ти еден без друг како без дом, како без огниште ... како секој од нас без себе...


Не е дека јас без тебе не можам,
ех, како што би рекле старите,
дека без секој се може и
дека човек со човек сраснат не е,
дека секој сам се раѓа и сам умира.

Ех, не е дека јас сум од твоето ребро создадена а дека ти си мојот јаболков грев или дека без тебе не би се снаоѓала.
Не е дека сама товарот си го носам ниту дека можам сијалица по дома да сменам или сама по кафеани да седам со луѓе кои не ги знам и кои не ме познаваат ...
Ама пусто душата не ми сака така!!! И не те љубам оти за љубење некој ми треба ниту дека без тебе да пишувам не ќе можам... Туку дека ми те сакам оти срцево ко твоето ми чука !!! И радоста ми врие на мислата за тебе
и не е дека јас без тебе не можам
ниту дека ти без мене не ќе дишеш, ама подруго е ...
Проклетите поубаво чукаат заедно
и воздухот е почист и покрај смогот ... И чекорот полесен е, та ако некогаш сум се прашувала
како би било по облаци да газам,
сега знам дека е тоа дур покрај тебе одам лесно, воздушесто и чисто.
И не е дека сама не знам да јадам
или да заспијам сама не знам...
Не е до тоа, не е до она “знам” или ”не знам”,
не е ниту до “можам” или “не можам”,
туку дека не сакам...
И дека цело тело во мене вреска по тебе,
дека абдоменот ми се згрчува ко ќе те видам,
и очиве друг сјај имаат и усниве набабруваат и зацрвенуваат. Ко млада невеста што од возбуда ги загризува....
Сонце мое, сонце мое мило и љубено не е дека јас без тебе не можам ...

Одам напред и знам на денот да му се насмеам,
знам и радосна да бидам ама насмевката поинаква ми е и радоста поубава ми станува до тебе кога сум.
Та си велам, дека не е до тоа дека си требаме од осаменост, ниту дека си требаме од страв сами дека ќе остариме, туку е до тоа дека се љубиме, и дека и животот друг мирис има кога сме НИЕ,
и смртта поинаква ќе е кога рака в рака ќе ја дочекаме.
Oти јас не сум реброто твое...
Tуку она што чука под него а и ти мојот јаболков грев никогаш не ќе бидеш туку сласта од него в уста што се топи !!!
Љубов моја, сонце мое ... не е дека ти и јас еден без друг не можеме,
туку дека еден без друг свои не сме, ниту некогаш туѓи ќе станеме.
Ти и јас, јас и ти еден без друг како на половина исечено јаболко
и ребро на половина скршено,
протерани од рајот а за во пеколот премногу арни...
Ти и јас, јас и ти еден без друг како без дом, како без огниште ... како секој од нас без себе...

БЕЗ СЕБЕ!!!

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот