ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Wednesday, June 29, 2016

Ветерна аналогија


Утрово кога станав, се разбудив за тебе, да те видам со отворени очи.
Ти не беше тука.
Утрово кога станав, те побарав да те гушнам...
Наместо тоа се гушнав себеси...

Утрово сонцето ме разбуди за да те посакам...
За себе, лекомислено и себично.

Заборавен од себеси,

јас сум ТОЈ- 
ветрот кој ти ја гали косата 
додека спиеш.

Под исто небо, 

толку блиску а толку далеку.
Утрово кога се разбудив, 

благо се насмевнав....
И покрај се!


Утрово кога се разбудив, 

те пронајдов на местото на моето срце, 
како стуткана спиеш, 
чекајки да те погалам...

Како ветрот кој се раѓа насекаде

а умира во раскошот на твоето чело.

Заборавен од себеси,

јас сум ТОЈ-ветрот.

Немир кој посака да те бакне, сношти и во деновите пред тоа.
Нема вистина во тоа дека љубовта кон сите луѓе ми е иста...


Ти не си љубов... 

Ти си вистина која жари, 
ти си оган кој тлее...
А јас...
Јас сум ТОЈ- ветрот, 

што те разгорува...

И не сум повеќе заборавен од себеси. 

Имам смисла, едноставно постојам...
За да те сакам, 

со целата бојазност на светот...

Зошто јас сум ветрот, 

роден од немир да создадам немир... 
Немир од погледи, 
од насмевки, од тајни допири...
Создател кој создава... 

Приказна за причини без последици...
Едноставно зошто сум човек, 

далеку од совршен, 
барајки совршенство 
те најдов ТЕБЕ...
Мислам дека небото само знае...
И вселената што по некоја космичка случајност ми те прати тебе, 

да копнеам за твојот прекрасен ум...
Колку јас бев загубен, за да се пронајдам во твоите очи...
Судбина?!?
Ти си мојата судбина...
Така било одсекогаш, само сега имаш лик и име...
Убавино моја...

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот