ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Monday, October 10, 2016

Една нова, неконвенционална поделба на македонската историја

Македонската историја меѓу сите други поделби е поделена и на:

ера на кралевите, (Антика)
доба на христијаните, (Распад на Римско царство)
ера на просветителите, (Кирил и Методиј) па
време на царевите (Цар Самуил-царска династија),
Време на одмор (владеење на Отоманската империја),
Време на револуционери (1848-1912)-,
Време на делба (1912-1918),
Време на братоубиства (1918-1941),
Време на обединување против заеднички непријател(1941-1945),
време на привидна независност (1945-1990),
време на шпиуните (1990-1995),
време на кодошите (1995-1998),
време на наивните (1998-2002),
време на предавниците (2002-2006),
време на решителните наивници (2006-2011),
време на заслепените (2011-2016),
време на судиите (2016- )....
Следува
време на судените,...

Во речиси сите овие периоди, некои надворешни сили му наметнувале своја политичка волја на македонскиот народ! Со исклучок на Антиката и ерата на просветителите.
Во сите овие доба и историски периоди на постоење на македонскиот народ, луѓето што живеат на овие простори секогаш поубаво поминувале кога нешто "извезувале"....
Во антиката извезувале тогашна "демократија" над останатите народи...
Во просветителството извезувале ум...
Потоа во Отоманската империја policy-мејкерите си зеле одмор кој се чини и до ден денеска има своја рефлексија.

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот