ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Sunday, October 9, 2016

Мал прирачник за поробување на еден народ

Ако сакаш да поробиш еден народ еве мал прирачник во неколку чекори како тоа да ги сториш најлесно:
  1. Под притисок на некакви си "интеграции" со "остатокот од развиениот свет" наметни му закони кои ќе направат доволен хаос во кој под плаштот на некакви си "демократија" ќе му протнеш вредности кои не се автохтони, и не кореспондираат со реалноста, традицијата и потребите на народот. Оваа "мерка" продолжува да трае постојано и се применува непринципиелно, зависно од интересите и потребите на поробувачот;
  2. Потоа под плаштот на некакво си "пријателство" и "братска (хуманитарна) помош" ќе му наметнеш "граѓански сектор" кој работи според (погодете кои и чии) вредности што повторно одат во насока за асимилација на вредностите кои со векови наназад биле практицирани од тој народ, согласно неговите потреби;
  3. Истовремено преку разни недоволно транспарентни извори на финансирање вршиш потткуп на однапред одбрани поединци, кои се доволно "способни" да ги "сватат" аргументите на поробувачите во "интерес" на народот на кој тие поединци припаѓаат.
  4. Финансираш проекти со неповратни грантови (создаваш зависници од пари кои не ги заработиле кои лесно се трошат, многу често надвор од надвор од реалната потреба и оправданост), кои го навлекуваат народот на една понижена и подредена улога, со чувство на мала вредност или воопшто безвредност;
  5. Негирање на се она што било придобивка во историјата на тој народ како цивилизациска вредност и плод на создадено дело. Нудејќи замена на постојните традиционални вредности со нови;
  6. Инсталација на механизми за контрола на приливот на пари во економскиот систем на народот кој дотогаш функционирал, преку банкарски програми за условен развој на микроекономијата и растот на стопанската активност;
  7. Воспоставуваш структури на терен кои секојдневно ќе известуваат во интересниот центар на моќ за било какви промени во расположението на народот по одредени теми на интерес од тој интересен центар.
  8. Редуцирај го нивото на развој на образование на минимум во кое предводниците на силата и жестината на овој процес (наставно-научниот кадар) ќе се борат за гола егзистенција, почит и обезбедување на нормалност во реализација на нивната улога во општеството која божемно им се дава со некакво си "звање".

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот