ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Sunday, October 9, 2016

Тези со епилог за некои актуелни прашања


Теза бр.1:
Борбата на "народот" против "режимот" не успеа поради немоќата на организаторите на таа борба да сватат што значат суштински овие два термини: народ и режим.
Епилог бр. 1: 
Неуспешна револуција.
Теза бр.2:
Преминот на оваа борба од некаква идеализирачка состојба на замислена револуција од улица, во насока на инсталација и канализирање на борбата во капитализирана политичка сила повторно не успева токму поради игнорирање на народот и неговите потреби.
Епилог бр.2: 
Неуспешно структурирање на доволно силна политичка моќ за победа на избори.

Теза бр.3:
Тек на предизборна кампања во која ќе се настојува да се маргинализира улогата на народот во смисла на масовност, свесноста за одговорност  во актуелните политички процеси и препуштање на ситуацијата да се одвива под контрола на платеници, кои поради потребата на моќ ќе се активираат до максимум.
Епилог бр.3
Потрошено енормно количество на пари за потплатување и корумпирање на тие платеници, создадена искривена слика за односот на политичките сили во јавност.

Теза бр.4
Народот како и секогаш недоволно разбран од своите лидери ќе го избере "помалото зло" од двете. Оваа фраза "избор на помало зло од двете" намерно се индоктринира и ќе добива на значење, со цел за пропагирање на неможноста и неспособноста на народот правилно да рассудува.
Епилог бр.4
Победа на Предвремените парламентарни избори на политичката платформа која нуди решенија за подобар живот на граѓаните со 53-55 пратенички мандати.

Теза бр,5:
Проблемите со обидите за намалување на улогата на народот во манифестирање на неговата сувереност и независност ќе продолжат и понатаму да се интензивираат, до неодредена перспектива, во услови на живеење под присила на фразата "ужас без крај", се до некое ново "востание" но не на народот туку на странските интересни центри на моќ и влијанија.

Епилог бр.5: 
Народот ќе продолжи да егзистира онака како што најубаво знае и умее, така како што живеел со векови на ова парче земја, и покрај се!

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот