ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Friday, July 29, 2016

Деца на сонот


Повели...
Срцето...
Прави што сакаш
Со него...
Зошто на тебе
ми е најсигурно да го дадам, а да не го ставиш во кутија.

Остави го под небо нека стои...
Онака ѕвездено...
Како твоите очи
И знам....
Знам дека ке те насмее
Како ниедно друго срце...
Срце мое...


Во твоите раце...
И таму...
Таму некаде распослано на ливаѓето на мојата фантазија
Да се радува
На кревките гранки
Што ќе ми прават сенка
Под која ке се протега да набере некој плод
За да посведочи дека живеело...
Срце мое...
А од споменот
да се роди рамка
полна со слики
во која,
Ти ќе бидеш до мене
прегрнати како небо и земја

на хоризонтот во квечерина 
од која се раѓа жарта на последните сончеви зраци...
Пред светот да ги види
за последен пат...

Крадешкум измолкнувајки се
за утре пак да се разбудиме
еден покрај друг
барем во мислите...



Деца на сонот..
Сме ти и јас...
Деца чиј што пород ќе биде фантазија...

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот