ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Sunday, November 11, 2012

5 индикатори за бајата транзиција или "Како да познаете дека транзицијата завршила"



Како ке познаете дека фамозната транзиција како општествена перцепција одеднаш ја снемало?Транзицијата со која како процес Македонија и повеќето посткомунистички земји безобразно без никаков срам и перде се соочуваа цели децении. Дали има некакви (било
какви параметри) според кои би кажале дека транзицијата за македонскиот народ конечно ја нема?
Во оваа прилика ке се обидам да направам листа на такви индикатори, според моја слободна проценка. И сето тоа не го правам случајно, се уште под импресија на одлуката за популаризација на македонска телевизиска продукција и програма на редиодифузерите во македонското секјдневие, од страна на најново формираното министерство за информатички технологии (и администрација). Македонскиот народ е предолго во ходникот на транзицијата, така што доаѓањето до неговиот крај не смее да помине незабележително.
   1.Елиминирање во голема мера на суштинските врски со минатата држава и општествено уредување (читај комунизам, социјализам или југо носталгија).
По прогласувањето на независноста во 1991 година од страна на народот на тогашната Социјалистичка Република Македонија, оваа наша државичка се беше само не беше независна. Од системско уредување на институциите на државата до најобичните секојдневни навики на граѓаните на истата. Од сликата на Тито во Собранието на РМ, до лебот вулгарно наречен "Лепа Брена" кој се продаваше во ограничени количини и за кој мораше да се чека во редици. Е тоа беше почеток на транзицијата.Термин дотогаш непознат за народецот за кој штотуку изгреа новата зора на слободата. Пополека системот на државата започна де се реформира, но не и сваќањата на граѓаните (кога велам граѓани мислам на мнозинството т.е. грото на луѓе кои живееја тогаш под македонското небо).Денес во 2012 година се уште има луѓе кои што под капите носат југоносталгичарски дух, но, генерално мнозинството граѓани се насочени и оплеменети со капиталистички про-европски дух, кој е роден и трансформиран токму низ процесот на транзиција во РМ. Морам да го спомнам во денешно време по малку подзаборавениот аргумент на устоличување на процесот на денационализација на врвно државно ниво, со кој можеби за првпат покрај декларативната волја за расчистување со минатото (колку тоа и да биде безболно), се премина кон фактичка примена на овој концепт. Процесот можеби започна со денационализацијата, но секако мислам дека завршува со лустрацијата, која иако некако болно се прифаќа, сепак е одговор на очекувањата на мнозинството од граѓаните на РМ. Нивото на перцепција според авторот на овој текст за созреаноста на свеста кај граѓаните (мнозиннството) за отфрлање на стегите на транзицијата е толку високо што комотно може да се изнесе тврдењето дека токму овој погоре индикатор бр.1 е реален аргумент за бајатоста на транзицијата во Македонија.
    2.Иницирање на голем број на мерки, политики и активности за заштита на животната средина од страна на мнозинството граѓани и институции.
Во време на транзицијата, зелената агенда за Република Македонија беше ставена во најзапоставениот кош од севкупното општествено живеење на државата. Формирањето на политичка партија со зелен предзнак е само врвот на сантата мраз која под површината на морето содржи цел еден спектар на зелена мрежа на општественото битие кое растеше цели децении. Провинцијализмот и во оваа сфера се уште постои, т.е. негрижата за аспектите за заштита и унапредување на животната средина се уште е присутна помеѓу поединци. И веројатно така и ке остане. Но нивото на развој на зелената свест кај целокупното (читај мнозинство) чинители на општествениот живот во државата е толку високо што станува критично за пораз на снагата на транзицијата која губи на својот интензитет во овој поглед. Овој пристап се уште е потребно да се развива, во корелација со економијата и стандардот на населението. Токму здравата животна средина за македонскиот народ во себе инкорпорира одредби од општ интерес и делокруг на работа и егзистенција кои секако можат да бидат делени и по хоризонтала и вертикала, на различни сфери, но сите во себе го имаат тоа име. Дали тука ке зборуваме за популационо-демографска политика, стандард на населението изразено преку економски параметри, квалитет на живот, миграција на население, здравство, социјала, образование, екологија, уметност....Сето тоа е подредено на овој индикатор за создавање на здрава животна средина со предзнак условно "зелена" на народот кој го населува овој простор, мислејки секако на ова широко гледање на овој термин. И токму тој индикатор преку негова широка перцепција ми дава за право да го декларирам како една од причините за поразот на транзицијата од она што се нарекува демократија во Македонија по ранк блиска на просекот на ЕУ.
   3.Истрошеноста на влијанието на поп културите на соседните држави врз свеста на македонското бидие за себе-егзистенционализам.
На почетокот од последната деценија на минатиот век евидентен беше напливот на фолк музика и воопшто култура на македонски автори и исполнители. Веројатно овој тренд беше на некој начин континуитет на широката либерална културна политика на Белград кон федеративните единки кои ја сочинуваа тогашна СФРЈ.Овој факт потпомогнат од националистичките движењеа во Словенија, Хрватска, подоцна и Македонија па Босна и Херцеговина, Црна Гора и на крај Косово, кои во основа негуваа вредности на локал-патриотизам (во контекст на заедничката држава), на народот му влеваше дополнителен мотив за себе-промоција и афирмација, што на крај резултираше со огромен број незаборавни уметнички дела од тој период.На почетокот беше музиката преку еден Фолк фест Валандово, Цветници, Фестивалот на детска песна Златно славејче (кој несомнено е еден од предвесниците на македонското културно осамостојување со своето долгогодишно реноме и постоење), Вардар филм кој иако контролиран од надворешни елементи сепак наоѓаше начин за да проникне во рамки на тогашниот строг режимски простор со македонски идентитет и продукција, ослободена од прангите на српското тврдо "л".Секако во оваа корелација се надоврзуваа литературата (преку еден великан Славко Јаневски, Петре М.Андреевски, Гане Тодоровски и цела плејада на креатори и афирматори на македонскиот идентитет и значење), театарот, со голем опус на култни театарски претстави од македонска продукција итн.
Телевизија Скопје (МРТВ) во чии што ходници, бифеа и простории беа вгнездени најзакоравените структури на поранешниот систем, не беше воопшто ни реално ни возможно, да биде носител на осамостојувањето на македонското постоење во овој сегмент и пошироко во секој друг сегмент на државата поради влијанието кое оваа телевизија го имаше, кај народот. Токму оттука падот на оваа телевизиска куќа во секаков поглед беше неминовен и оправдан. Се до годината 2012 кога фениксот повторно се издигна од пепелот на сопственото опожарување.Токму оттука целокупниот прогрес кој е направен во изминатите 21-22 години во овој поглед на културна афирмација и заокружување на македонскиот идентитет преку она што значи изворно постоење, ми дава за право да посочам кон овој трет аргумент како индикатор за конечниот пораз на транзицијата на Република Македонија како процес кој тежеше на плеќите на ова парче македонско небо.
   4.Одлука за контрола на радиодифузните содржини кои ке зрачат во етерот во Македонија;
Несомнено оваа мерка е омилена на авторот на овој текст, и како лакмус се лепи во епруветата на вриежот на животниот циклус на македонската транзиција, според која драстично изразено се препознава крај на турбулентната традиција (21 година е речиси традиција во споредба со еден човечки живот) на транзицијата. Она што погоре го нареков раѓање на автохтон и апсолутно независен културен идентитет на македонецот, во почетокот на последната деценија од минатиот век, падна ничкум на колена пред суптилната Касандра, која се чинеше како директна инфилтрација на непријателот од највисоко ниво на македонското постоење, и тоа директно во домовите на сите македонци. Тотален пораз, кој резултираше со широка платформа на колеж на македонскиот идентитет, борбеност, и престиж. И сето тоа во најтурбулентните моменти на приватизација, трансформација на сите сфери од државниот интегритет и постоење. Касандра тогаш беше опијат за масите, кои некој не сакаше да си го трошат времето со реално суштинските работи кои и тоа како имаа што да кажат по однос на многу прашања.
Во овој контекст имам само едно прашање: Дали се сеќавате која беше личноста што ја доведе Касандра на градскиот стадион во Скопје? Со каква улога е таа личност денеска?
   5.Изразено коегзистентна надворешна политика на Република Македонија.
Кој не може да го види и свати овој аргумент од една т.е. индикатор од друга страна, нека се запраша кога Македонија водела поуспешна и што е многу поважно понезависна сопствена автохтона надворешна македонска политика. Политика пред која нема субјекти кои клечат на колена, но и политика која не клекнува на колена. Балансиран пристап, кој пред се е раководен од цивилизаторските придобивки на демократијата од антиката до денес. Секако овој индикатор е обременет од сите претходно посочени, како и со редица на други состојби во државата кои слободно можам да кажам дека се созреани до тој степен за да може да и завртат грб на транзицијата како довчерашната љубовница која беше обземена од "љубов" кон македонското тело и постоење и се она што се изроди од таа "љубов".

Транзиција во оној контекст во кој што беше актуелна последните 21 година во РМ, повеќе нема...
Револуција преку турбулентни методски практики, апсолутно не е оправдана и целисходна. Тоа впрочем како концепт неколку пати беше поразено од страна на општото мнение во државата.
Македонија е земја во која секој чекор е стабилен, на здрава "подлога", можеби тежок (зависи од перцепцијата и референтноста на гледање), но сигурен.
Тоа е клучот кој ја заклучи тешката врата на транзицијата.

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот