ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Sunday, March 2, 2014

Револуција на духот

Секој нов ден раѓа револуција. Самото сонце, самиот свет околу него, живее во константна идеолошка матрица која одамна значи предвидливост на настани кои допрва треба да се случат.
Од тука било каква промена на макро ниво во сплетот од околности наречен секојдневие до границите на спознание на човештвото, подразбира немир на духот во идеолошка смисла на зборот, спротивставено на сите материјални закономерности кои толку многу се залагаме да ги дефинираме. И во споменот на сите поранешни лидери на промените кои денес раѓаат реалност над која се наѕира новото утре, потребна е идеја на духовен немир роден од хармонијата на знаењето, карактерот на сопствениот идентитет и постоење како и индивидуален белег на заедничката иднина....
Проткаени заедно со доблест на искреност и чесност пред Бога, семејството и самиот себеси... Заедно со споменот и наследството на генерациите кои газеа по ова парче ѕвездена земја, пред сите нас заедно, но и за генерациите кои треба да се обноват во виорот на утрешниот немир, што по ништо не е помалку важно од историјата.

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот