ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Wednesday, February 11, 2015

Е.Д.И.Н.С.Т.В.О. З.А. МАКЕДОНИЈА

Поради длабоката верба во големината на овие зборови насловот на оваа моја кратка размисла ќе го напишам уште еднаш:
Е.Д.И.Н.С.Т.В.О.  
З.А. 
МАКЕДОНИЈА

Градењето на јавно признати митови и успешни приказни во очите на оние помалку афирмираните, раѓа психолошка бариера окупирана со завист, бојазност и чувство на инфериорност.
Долготрајното опстојување на овие чувства во човечката душа, се претвора во гнев, револт, склоност кон деструктивност и конфронтација. Тестирањето на границите на издржливост на една природна околина во вакви услови на постоење, несомнено доведува до поларизација и длабока диференцијација на две групации на поединци во истата таа околина. Резултатот од ваква една дадена ситуација несомнено ќе предизвика промени.

Дали овие промени ќе бидат позитивни или негативни, зависи само и единствено од капацитетот на мнозинството, но и разумот и срцето на секој еден поединец инволвиран во таа дадена ситуација.

Неуспешноста на системот да ги обедини сите (и прогресивни и помалку прогресивни) сили во заедничка општо прифатена цел (Пр. Признаена, независна и просперитетна Македонија) не е момент за потценување во било кој изграден стереотип на и најмала искра на подвоеност.


Премногу омраза, поделеност и девалвација на човечките вредности не е прашање на избор во такви моменти. Чесниот даден збор, општиот хуманистички дух, длабокиот порив за создавање на нови вредности, обликувањее на историјата по мерка на иднината а живеење во сегашноста рамо до рамо со сите предизвици се најцелисходна перспектива и резултантна сила која може да повлече кон прогресивна визија и концепт надвор од инерцијата во која како човечки род сме склони да тежнееме.
Само со љубов, разум и душа можеме да се надвиснеме над сите предизвици што не опкружуваат!
Не со закрвеност, раздор и потенцијал за конфронтација.
Од историска гледна точка, премногу малку останавме за да се делиме!
Ова наше Делчево го заслужува најдоброто од сите нас!
Оваа наша Македонија очекува да бидеме достојни што газиме по оваа наша света земја!

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот