ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Sunday, November 3, 2013

Living in a glass house

Being sad is just a perception of thought: Although living in a glass house is a state of confusion....

Break the frame of illusions and boundaries for you to be ignorant and slave....Don't mind being different when all others are the same....

Современа љубов


Современа (the one and only) љубов ти е батка кога раскинеш со девојката и креираш нов фолдер во сопствениот e-mejl кој го нарекуваш "бивша" и ги ставаш сите нејзини пораки на едно место со се фотографиите кои сте си ги праќале еден на друг....
Така само Google може да ве раздели....

Announcement for a concert 29.07.2013

Ladies and Gentlemen !!!!!
I present to you A.....
-Recipe for tonights entertainment:
1.One piece of sliced Rage (against the machine)

Логичко следство

После светлината следува прекрасен мрак....
Јас!!!

Македонија ке ја биде


Постојат моменти во животот кога под налет на сопствената немоќ, човек започнува да се откажува од својата улога во сопствената манифестација во рамки на неговото опкружување и околина. 
Исто така постојат мигови со кои на истиот тој човек повторно му се вдахнува храброст и карактер за постигање на уште поголеми дела за добробит на сопствениот народ и држава. 

За Македонија

Сведоци сме на големина која никогаш нема да згасне!!!!
Тоа е кога наместо срце ја имаш Македонија...
Во душата ти е сопствениот народ....
Светлина и блесок кој засекогаш ке трае...
МАКЕДОНИЈА НАД СЕ!!!

Свесност

Само постојаната присутност во сопственото постоење, може да донесе објективна свесност за универзалната манифестација на една личност.

За Пијанечки денови на сливата 2013

Ретроспектива:
"ПИЈАНЕЧКИ ДЕНОВИ НА СЛИВАТА 2013"
Денес:21.09.2013 год.
-Цел ден музика, игри, дружење, презентација на пијанечката традиционална храна и дегустација на ракија....

За Пијанечко-Малешевската свадба 2013

Ех, свадба, свадба....И тоа не било каква...
ПИЈАНЕЧКО-МАЛЕШЕВСКА СВАДБА...
А свадбарите....Свадбарски настроени....

Зафркнување

Човек сваќа дека зафркнал се во животот кога после сопствената свадба се прашува која е невестата на неговите фотографии....

Saturday, November 2, 2013

Дилема

Некои слушаат музика...
Некои луѓе читаат книги...
Некои луѓе гледаат филмови...
Други посакуваат да бидат како други...
Понекои озборуваат за животот на другите..
Од време на време мечтаат за други-туѓи соништа...
Понекогаш се преправаат како некои за кои мислат дека имаат се...

Твоите очи

Твоите очи
Гледајки ги како се затвараат
пред да згасне денот во тебе
и уште еден спомен да летне во неповрат
останаа запаметени за момент во мојот здив. 
Ти заспиваш, телото ти паѓа во безгрижност,
здивот фаќа чекор со помислата за сигурност
за уште една ноќ заедно, еден покрај друг.
Сакам да останам буден.
Не сакам да те препуштам на мојот сон.
Сон кој може да ме замае, да ме занесе...
Го наслушнувам твоето срце, твојата живост и спокој...

Аманет од вечноста

Пролог:
Живи сме,  мирни и замислени
Две грамади, два исконски горостаси, а браќа
Се сретнаа под жезлото на утринскиот блесок
Со молњи во очите, под челата набраздени.
-Утре сонцето се обложувам нема да изгрее...
И така стана.
Ноќта пророкот воздишна за збогум:
Збогум на светот.
Замисленоста стана ехо на недореченост,
Мирот стана апсолут, а животот замре.
Денес на запад сонцето зајде различно од вчера.
Blogger Widgets

Автори на блогот