ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Sunday, November 3, 2013

Македонија ке ја биде


Постојат моменти во животот кога под налет на сопствената немоќ, човек започнува да се откажува од својата улога во сопствената манифестација во рамки на неговото опкружување и околина. 
Исто така постојат мигови со кои на истиот тој човек повторно му се вдахнува храброст и карактер за постигање на уште поголеми дела за добробит на сопствениот народ и држава. 
Со еден обичен говор со кој се отвара душата во насока на сопствениот непрегор, воедно борејки се за идеалите на вистината и правичноста, преку лицето на универзалните човечки вредности и способност за обединетост околу една идеа, за доброто на поширокото семејство наречено Македонија, се загатнува нова надеж за пркос на сите небиднини кои се надвиснале и сакаат да го раскинат истото тоа семејство одвнатре, со помош на "соседите-ближни и подалечни".
Вековниот извор на непокорот се уште блика со енергија за одбрана на сопственото семејство...И тоа ушто посилно и уште порешително. 
Она за кое што сонувале генерации, на моменти се бореле и го дале својот живот, е вткаено во 15-тина минути на искажани зборови, на чиста човечка и татковска мисла "за да нас не биде", и покрај се и сешто....
Македонија е име....Македонците се факт....Имаат своја автентична мисла и сила....Имаат свој разум, срце и душа....
Проговори разумот, се воздигна душата, зачука повторно срцето....
МАКЕДОНИЈА КЕ ЈА БИДЕ....
За тоа вреди да се бориме....

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот