ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Tuesday, November 26, 2013

"Због један диван лепи статус" (мк. Поради еден убав статус)

Поради еден преубав и едноставен статус,
кога ти слободна беше,
а јас се врткав по твоето профилче,
барајки трошка надеж преку твоите коментари,
 за преубавата профилна слика на која ме мериш од глава до пети, 
тешко е верувај на чудово фејсбук да седиш и по цела ноќ да дремиш...
Гледам патувања насегаде,
животни настани на купче,
секој до некој по малку сликан и гордо тагнат на ѕидната слика...
Само мене таму ме нема, досаден ко касиер во маркет кога ке ти побара два денари за најлонска кеса, а ти му вадиш платежна картица да платиш...
Истата таа платежна картица со која си го креваш рејтингот на твоите велико-лепни фан страни за било кои важни или неважни нешта кои и претходно ги имаше, само без длабината на Цукерберговиот прониклив ум.
Решив да те блокнам, за лице да не ти гледам....
Доста беше Мишко шофер на погрешни автобуси....
Завршена приказна и снимаме нов филм...
Филмот се вика "Од другата страна на неиспечатениот весник".
По малку време се покајав....За блокадата...Чиниш поморска контрола ме фатила кај шверцувам нелегални емигранти по Јонско море...
Е сега браќа скокајте во морето...
Ама не! Јас сум горделив типац....
На крајот на нештата нема враќање назад....
Затоа....Направив нов профил преку кој пак по навика се бесам на твоето профилче, чекајки статус да ставиш....
Више не сме ни пријатели....Се плашам да се запознаеме преку новиот профил...
Е ако де...Куде мене нема проблема....
Сега сум со два профили....
Стариот и новиот...
Се надевам дека нема да се сретнеме под други имиња, зошто верувај ке те познаам...
По статусите и лајковите-што и како ги редиш.
И ако некогаш одлучно и смело решиш да преминеш на некоја нова мрежа социјална, пиши статус на старата:"Овој корисник поради ИКС причини е достапен на таа и таа мрежа..."

А замислете само како беше на времето без МРЕЖИ....
Кога луѓето пецаа на јадица...
Милина шо да ви расправам.

Текстот е алегорична аналогија на сатирични сваќања за постоење на моментумот на социјално дружење помеѓу генераците кои мислат дека без фејсот не се може...
Не го одразува фактичкото мислење на авторот, туку само она што истиот смета дека е проблематично.

P.S.Овие последниве реченица-две знам дека се "тоталка-збрка" ama се извинувам снемав доволно зборови за да се доизкажам...

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот