ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Wednesday, November 13, 2013

Апстрактна љубов

Имам време за уште една апстрактна љубов.
Онаква какво што ти сакаш,
каква што отсекогаш си сакала,
за инат на татко ти,
онака како што само тебе може да ти текне.
Знам...
Јас знам за твоите соништа, твоите фантазии...
Ирационални и двосмислени...
Настрана од секаква реалност.
Знам за твоите стереотипи на вечна и непогрешлива љубов.

Онака како што само ти можеш да замислиш.

Што е моето време за твојата идеална љубов?
Па јас немам право да го уништувам твојот свет,
свет на наивност и залетаност.
Во перцепцијата на твојата несозреаност.

Како ли само можев да се осудам
да му напакостам на твоето срце?
Таа трепетна грутка на младешка несигурност
која трепереше под здивот на спознанието и свесноста.

Она моето,
што се стопи под блесокот на твојата несовршеност.

Да, така сакав јас,
верувајки во едно ветување...
Ветување пред божјите порти
во квечерините на твојата младост...
И во тие вечери мерејки си ги стапалата
на изодениот пат кој штотуку почнуваше.
Твоето небесно сино, а моето топло кафеаво.
Ладно и топло во духот на небесниот амин.

Да тоа е дефиниција, за апстрактна љубов...

Однапред осудена, осуетена, недозволена, лицемерна, лажлива, жестока и строга.
Наивна и искусна....
Нема патоказ кон таквата патека каде распатијата се нормалност а кривините одмор од праволиниското движење,
Зарем има правило за оваа синкопирачка симфонија на хаотичната импулсивност, која се надвисна над равновесието на мојата претходна константност?

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот