ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Monday, November 25, 2013

Индиректен инперфектум на спознанието


Знаеш дека не ми е се едно,
да се будам одненадеш во сон, во кој главната улога си ти.
Само заради помислата дека можеше да траеш вечно, остави белег на мојата душа...
Но, не! Ти не си пролет во мај за да траеш ко спомен за цел живот...
Спомен кој како ветер секоја година се навраќа на старите плетови покрај селските дворје,
од минатите времиња...
Времиња на една мината и тажна прегратка... Кога само ние знаевме колку се сакавме...
А толку сакав да дознае целиот свет....
Веќе не сакам да знам со кого си...
Исто ми е кога не си со мене...
Само мириста на копнежот кој можеше да прерасне во громогласен цвет на достоинствена гордост...
Гордост за она што било, но пред се за она што можеше да биде.
Но човек сум, не можам да живеам од идеали...Горки-слатки, какви биле...

Те ставив во рамка, заедно со себе. Над мојот вечерен хоризонт, секоја вечер кога заспивав.
Но, пукна рамката, хоризонтот зе изгуби...За на крај да остане само отровна горчина во моето грло.

Знам, секогаш сум во право....За се, дури и тоа пред да се случи...
Погрешив само едно... Мислев дека и ти знаеш...

Но од знаење не се живее... Без нежен поглед, само за миг, толку ми треба...Само толку ми требаше...
Наместо тоа ти сакаше се...Без обзир за мојот сон...
Сон од кој враќање нема...Заедно со споменот кој потона во плитката река на дното под мојот балкон...
Таму ке останеш за вечност окована под прангите на бистрата вода, која никако да истече...
За навек, со секое утро да си припомнувам, за она што посакав да станеш.

За миг кој ке трае до крај на вечноста, и повторно назад до моето срце...
Индиректен имперфектум на моето гордо спознание на иднината пред таа да се случи.

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот