ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Wednesday, November 20, 2013

Тетоважа на мојата душа

Дали знаеш?

Кога боли, небото е темно.
Облаци се губат, та маглата се крева.
Сува студ покрај мојата река,
е само приказ на ланската слика.

Слика без рамка,
онаква каква што ја искинав на парчиња,
од кои наѕираше твојата насмевка...
тогаш кога беше среќна...

Истата таа слика,
која ти ја плени,
со твоето срце,
и махагони бојата на твојата младост.

Се надевам дека не ти пречи,
што ми будиш инспирација.
Ти тоа отсекогаш беше,
иако наивно, на моменти и трапаво....

Абе мече... Хм...
Ти благодарам, ми даде цел, ме поврати во живот...
По патеките на зборот,
и вечната умисла за креација на искреност.

Бескрајна книга ке напишам,
само за твојот поглед...
Кој морам да признам, не ми фали...

Зошто тој стана тетоважа на мојата душа.

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот