ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Sunday, November 3, 2013

За Пијанечки денови на сливата 2013

Ретроспектива:
"ПИЈАНЕЧКИ ДЕНОВИ НА СЛИВАТА 2013"
Денес:21.09.2013 год.
-Цел ден музика, игри, дружење, презентација на пијанечката традиционална храна и дегустација на ракија....

Делчево се чини живееше за Сливата.
Вчера:20.09.2013 год.
-Цело попладне изложба на карикатури, прогласување на победници од првиот меѓународен фестивал на карикатури и афоризми "Пијанец 2013", промоција на каталогот на карикатури издаден од страна на општина Делчево во рамки на манифестацијата, Промоција на алманахот на афористичари "Афотека 2", читање на авторски афоризми од страна на едни од најголемите а можеби и најголемите имиња на современата афористика на балканот и пошироко: Александар Чотриќ од Србија, Васил Толевски-Македонија, Миле Ѓорѓијоски-Македонија, Владица Миленковиќ-Србија.
Четврток:19.09.2013 god.
Присуство на најгрижливо одгледаниот насад на слива од регионот на Пијанец во атарот на село Нов Истевник (внимавајте т.н. "Курачко маало") во сопственост на Грујо и Благојчо (Цинцо) од с. Град.
Пред тоа 2 недели подготовка на сите настани, изработка на дизајн за каталогот, жирирање на над 150 карикатури пристигнати на конкурсот од цел свет (Иран, Бразил, Индонезија, Турција, Кина, Таџекистан, Украина, Словенија, Чешка, Полска, Романија, Бугарија, Србија, Јапонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина), секојдневна комуникација со над 30-тина луѓе надворешни соработници за настанот.....
СЕ НА СЕ....ОДЛИЧНО!!!!
СЕТО ОВА Е ДОКУМЕНТИРАНО ВО ВИД НА ВИДЕО И ФОТОГРАФИЈА...КЕ БИДЕ ОБЈАВЕНО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ....
Поради оптеретеност на главниот мејнфрејм на личниот кориснички интерфејс не е можно тоа да биде направено во моментот....
Фала пријатно...

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот